аматерски околу историјата, лингвистиката , религијата, симболизмот , музиката ..
Search This Blog
Monday, March 13, 2017
Дискусија околу терминот Идеологија
Да ти Нацртам -Околу омаловажувањето на терминот
Дали вие можете “да ми нацртате’’, што за вас значи поимот идеологија ?
Благодарност однапред за обезедување ваше мислење .
Дотогаш ова е видувањето кое би сакал да споделам
Сметајќи се националист поставен кон зачувување , развивање и унапредување на сопсветвеното , националното , ќе дозволите ..
Идеологијата , што се прикажува како негативен темел во вашево клипче е она што е потребно да се има бидејќи народ што нема своја сопсвена идеологија , наместо да ја создава и наместо да ја има како ѕвезда водителка за придвижување , ќе се служи со цртанки.
Да беа барем и исцртувањата сопсвени ,да речевме секоја чест , но дали се ?
Народ што нема своја сопствена идеологија , трча по туѓи , прегрнувајќи ги како свои и сопствени.Народ што нема свои цртенки , ќе исцртува со туѓи линии,.
Идеологијата која ќе е база за создавањето на стратегија , на платформа преку која ќе се создава и вреднува
и оствареното и создаденото.
Идеологија која ќе создава услови за враќање на запуштените морални вредности ,кои ќе гледаат и пошироко отколку математиките на парата.
Да се има идеологија е чест и гордост , затоа што преку нејзе се трасира и целта кон која се тежнее.
Проблемите во Републикава не е во имањето, туку во немањето на идеологијата .
Преку идеологија кон владеење на институциите на системот и нивна поставеност во фунција на остварувањето на Владеењето на Словото на Законот .
Мотивираноста во соборувањето на криминалот го согледавме тогаш кога Украинците мотивирани за подобро утре и живот надвор без диктатортсво , го набркаа Јанукович.
И што се случи ден потоа ?
Каква е Украина денес ?
Мајданците пратени на Источниот Фронт .
Што ќе биде со нас со денот потоа ?
Источен Фронт , меѓумакедонски фронт , фронт на разграничување со малцинствата и воведувањето на босанскиот модел во Републикава ?
Најлесно се манипулира со народ кој нема своја сопствена идеологија .
Поз
_______________________
Кратко: Идеологија е систем на верувања, доктрини па и митови, кои често се однесуваат на некој општествен план што го има одредена власт. Најчесто зборот идеологија се употребува заедно со зборовите, комунистичка, социјалистичка, капиталистичка или фашистичка идеологија.
_________________________________
“...кои често се однесуваат на некој општествен план што го има одредена власт..’’
Дали и нашите стари имале општествени планови кога се залагале , твореле и себежртвувале во насока на создавањето на идеологијата посветена на Македонија ?
Ако имале кои се и каде се ?
Дали под турско на пример турската Власт им овозможувала такво нешто?
-Секако дека не .
И бидејќи сте упатени во она што пишувате , сте го искористиле зборчето “често ’’, кое ви овозможува амортизирање на изнесеново објаснување ,преку дополнителното што не сте го испишале , но ќе простете читливо е меѓу редовите и тоа во ваква ненапишана форма “често , да . често , но секако отстапувањата постојат “
Идеологијата е движечка сила , која овозможува преку “да се знае како’’ пристапот остварување на нешто повеќе одколку она што сте го објасниле како “општествен план ’’.
Идеологијата е придвижување и кон она што треба да биде “општествен план ’’ , откако со нејзина , со идеолошка посока ќе се стигне до создавањето на општетсвениот систем .
Од вашето објаснување , како што читаме , кратко објаснување , вие на терминот сте му пристапиле кон негово злоупотребување , наведувајќи го во негатвен контекст , поставувајќи го на на место што не му прилега .
Дали можете преку овој термин да сторите разлика меѓу термините националист и нацист ?
Да речеме дека историјата памети дека Де Гол бил голем националист , кој водел движењето на Отпорот против тогашните нацистички окупаторски сили .
Во вашето цртање сте исцртале дека националист е нешто мнооогу страшно .
Дали е тоа случај кога се однесува само за национализмот кај Македонците , но не и во случај кога национално се будат да речеме “Французите ’’ ?
Значи замолувам поопширно објасување , за значењето ан терминот идеологија ,
Благодарност однапред
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment