Битола најнастраданиот град во I Светска војна |
Сподели на Facebook
1917 год. март-октомври , Битола особено ќе ги почувствува бугарските разулавени “ослободители“ со своите (и германските) тони и тони гранати од сите можни калибри, претварајќи ја во вистински пустош. |
Бугарите по повлекувањето од Битола ги заземаат севсерозападните падини на Баба планина како и на падините на Црн Врв.Овие позиции цврсто ги утврдуваат подготвувајќи се за долготрајна позициона војна. И токму од овие позиции ќе ја бомбардираат Битола постојано и постојано, правејќи ја најтешко опустошен и разрушен град во I св.војна. Битола на првата огнена линија помеѓу двете алијанси во I Светска војна • 04 март 1917 год., Битола е бомбардирана со преку 2000 гранати со бојни отрови. Покрај другите загинати и осакатени Битолчани забележани се 50-тина од нив кои умираат во страшни маки од дејството на бојните отрови.
• 20 март 1917 год., Битола е бомбардирана со преку 350 гранати пак повеќето со бојни отрови. Загинуваат 47-мина Битолчани, ранети 20-тина а забелеѓани се и 76 разурнати згради. • 26 и 27 март 1917 год., Битола е бомбардирана со 93 гранати овојпат повечето со разурнувачко дејство зашто од истото се тешко оштетени преку 260 згради на Битола. • 06-10 мај 1917 год., врз Битола во овие четири дена паѓаат 183 гранати од кои загинуваат 9 Битолчани има поголем број ранети а оштетени се 15 згради. Смалениот број на жртви укажува дека заради постојаните бомбардирања веќе граѓаните се привикнуваат и изгледа организираат повнимателно. • 12-14 мај 1917 год., Битола е бомбардирана со 226 гранати, загинуваат 8 лица а оштетени се 40 згради. • 18-19 мај 1917 год., врз Битола паѓаат 30 гранати од кои загинуваат 9 лица, а 8 згради се разурнати. • 07-09 јули 1917 год., врз Битола паѓаат 146 гранати гранати од кои загинуваат 4 лица, а 9 куќи се разурнати. • 04 август 1917 год., е ден на најжестокото бомбардирање на Битола врз која паѓаат преку 2000 гранати, градот е запален, има страотен број од мртви, осакатени и ранети лица кои заради хаосот кој не може со денови да се среди никогаш и не се утврдува особено зашто и наредните денови продолжуваат жестоиките бомбардаирања. • 08 август 1917 год., Битола веќе авет од град е цел на повторен бугарско-германски артилериски жесток оган. Врз градот паѓаат 1764 гранати од кои загинуваат 18 лица, ранети се 15 а повторно горат повеќе од 620 куќи, главно во центарот на градот. • 21 и 22 август 1917 год., врз Битола паѓаат 665 гранати, загинуваат 3 а ранети се 5 лица, разурнати се 44 згради. Судирите над самиот град подоцна допринесоа до целосен пустош на Битола • 07 и 08 октомври 1917 год., Битола овие два дена е цел на последните забележани жестоки бомбардирања од бугарско-германските артилериски позиции со вкупен број од претходното на 04 октомври (1057 гранати, 7 лица загинати и 37 разурнати згради). Со сите овие бомбардирања на Битола од страна на Бугарите и нивните сојузници Германците како и дејствијата од спротивната страна, Битола ќе е најопустошениот град во I Св. војна. (Извори – ДА, СИП, ПО (1917) ф. 1, телеграми од Битола преку Солун до Крф, Д-р Петар Стојанов “Македонија во времето.. “, стр. 314-315; “Дојран 1915-1918 (Воени операции)”, М-р Александар Стојчев, стр. 75-76) |
No comments:
Post a Comment