Појава на српската црква и судири со македонската
1185/6 година Србите со Бугарите дигаат заеднички востанија, но и превземаат походи особено кон Македонија и епархиите управувани од единствената православна црква- Охридската патријаршија.
Македонски владетел кој во ова време ја брани македонската црква и народ е Добромир Стрез чие кнежество е со граници совпаднати со диецезата на Охридската патријаршија. Охридскиот патријарх и Добромир Стрез се во духовно-државно и национално единство.
Стрез не само што ги брани македонските епархии но успева и да ги поврати од Латините - Деволската и Костурската епархија, а од Бугарите - Призренската и Скопската.
215 година, Стефан Немања подмолно глумејќи пријателство и мирољубивост во односите со Стрез, прави пеколен заговор убивајќи го како последна брана за српскиот продор во Македонија.
1219 година се основа Српската црква под името на Пеќката архиепископија која многу подоцна ќе си ја воздигнат во Патријаршија. Сите епархии пред тоа и се под вековна јурисдикција на Охридската патријаршија.
Трагикомедијата по српската црква е што темелите и не и се православни но РИМОКАТОЛИЧКИ! (основачот Стефан Немања првично е РИМОКАТОЛИК и основите на прочуената црква од Грачаница-Пеќ се во РИМОКАТОЛИЧКИ СТИЛ и денес).
Дури кога Немања формира кнежество, Србите преминуваат на ПРАВОСЛАВИЕ па морале автокефалност да бараат од постарата и надлежна Македонска црква-Охридската Патријаршија .
Наместо тоа се обраќаат до Никејската заради што на Св. Сава му е речено автокефалност да бара од Охридскиот патријарх или ако веќе не сака од него да бара од друга соседна црква а не дури од Никеја.
Но Србите го користат мажењето на никејската принцеза на својот двор, политиката надвладува, од Никеја неканонски Пеќ станува архиепископија. Заради ова српската црква е анатемисана од останатите православни цркви. Особено долга е анатемата од Цариградската патријаршија (денес токму од Цариград српската црква е со најголема поддршка во спорот со нас па добро е да се потсетат за анатемата!).
1345 год. дури во оваа година Пеќ ќе добие ранг на Патријаршија и пак трагикомедијата по нивната денешна црковна пропаганда во Македонија е во тоа што го добива од Охридскиот патријарх. Само Патријарх може да прогласи Патријаршија а не Архиепископ како тие лажно успеале и до денес да наметнат да се изучува за Охридската црква. Што велат фактите за ова ?
1345 год. Велигден, Стефан Душан морал да доаѓа во Сер, Македонија за да биде крунисан од Охридскиот Патријарх кој ја имал улогата на Вселенски Патријарх и заради своето царско потекло. Душан овој миг го користи и да издејствува подигање на српската црква во ранг на Патријаршија.
Чинослужат Охридскиот Патријарх Николај со синодот а присуствуваат Пеќкиот архиепископ Јоаникиј II и Трновскиот Симеон со синодите. Јоаникј II е прогласен за Патријарх на сите Срби, Душан за цар, жена му за царица а синот Урош за крал.
Душан добро ја знае историската улога на Охридската Патријаршија како македонска црква и не се осудува да чепка по нејзините привилегии. Не случајно и при крунисувањето го става македонското име како прво што се гледа во Хрисовулот од 1348 год на манастирот Трескавец но и во записот кој се чува во Прага а титулиран како:
“Благочестиваго и христољубиваго МАКЕДОНСКАГО ЦАРА Стефана, српскаго, бугарскаго, унгарскаго, далматинскаго, арбанскаго, угаровлхискаго и ниним многим пределом и земљам самодржца суштаго милостију Вишнаго Бога...“
Подоцна кралот Волкашин и Марко (1371-1394) водат борба против стремежите на Пеќката патријаршија да приграби од македонските епархии. Марко жестоко се судира со српскиот кнез Лазар Хребељановиќ кој пак не ја трпел независноста на Охридската патријаршија.
Кнез Лазар особено го лути чистината, канонската и апостолската темелност на македонската црква виза ви српската неканонска основа но и шизмата која сеуште била на сила. Заради последново Лазар го праќа Пеќкиот патријах во Цариград кај цариградскиот патријарх Филотеј да преговара за кревање на шизмата од српската црква што пак го засегало Охридскиот патријарх но не протестирал.
Сепак српската црква до доаѓањето на Турците е без посебно влијание во Македонија а и се укинува од нив. Но тие не се осудуваат истото да го направат со најстарите цркви – Охридската и Цариградската патријаршија. По ова епархиите од српската и од бугарската црква повторно за долго потпаѓаат под Охридската патријаршија.
(Извори - Gelcer, H.: Underruchte ungenugend veroffentlichte Texte der Notitae Episcopatum. Munchen 1901; Gelcer, H.:Der Wiederaufgefundene Kodex de Rl. Klimens und andere auf den Patriachat Achrida bezugliche Urkundensemmlungen. Berichte uber die Varhandlungen des Koniglich sachsischen Geslaschaft der Wissenenschaft zu Leipzig. Phil. Hist. klasse, 55 B, II; Zinkeisen, J.W.: Geschichte des osmanischen Reiches in Europa, III, Gotha 1854; Ricaut : Histoire de l`eglise gresque et l`eglise dermennien. Paris 1832; Hammer : Histoire de l`empure Ottoman, IV; С. Димевски : Историја на македонската православна црква, скопје 1989 год. и др.)
No comments:
Post a Comment