Александар Македонски царот на грифоните
Постојат записи кои тврдат дека кога Александар починал, се појавиле два огромни орли кои го кренале на небото. Ова ретко се споменува во денешните написи за Александар Македонски, но во средниот век било претставено во многу книги и уметнички дела.
Збирка од уметнички дела посветени на орелскиот лет на Александар Македонски.
1) Завесата со орелскиот лет на Александар Македонски, која Самуил му ја подарил на Германскиот цар во 973 година.
2) Полетот на Александар Трети Македонски на два грифона. Уметничка резба изработена на коскен материјал. Изработено во 9-10 век, а се чува во музејот во Дармштад.
3) Иранска керамика. Александар е внесен во телото на едноглав орел. Изработено во 10 век, се наоѓа во Англија во „Victoria and Albert“ музејот.
4) Иранска керамичка изработка од 11-12 век. Александар јава на двоглав орел, на чии крилја има два грифони, а на нозете се наоѓаат два лава.
5) Месопотамиска изработка од 12 век. Се чува во музејот во Инбрукс. Александар е вознесен на небото на два грифона.
Во 973тата Самоил со брат му Арон отишол на дворот на германскиот цар да му го честита Велигден и да побара политичка поддршка. Како што доликува на гостин, веројатно, како подарок му однел нешто, а домаќинот, исто така, му возвратил. Имено, во музејот во Вирцбург се чува една свилена завеса, на која е претставен орелскиот лет на Александар Македонски. На завесата е претставен Александар кому два орли на главата му ставаат златна круна со три крста…
Извор:
http://loza.mk/2015/03/orelskiot-let-na-aleksandar-makedonski/
No comments:
Post a Comment