Friday, September 1, 2017

За македонскиот јазик, Ристо Стефов

"Еден од нашите читатели се интересираше дали така наречениот грчки јазик, како што Грците сакаат светот да им верува, навистина бил жив и во употреба со илјадници години, а да при тоа во ниту една земја надвор од денешна Грција не се зборува. И ако се зборува, него го научиле во денешните училишта во Грција?.." - "Почитуван читателе, тоа е навистина прашање за Грците. Тие се кои би требале да одговорат на тоа прашање, имено, зашто грчкиот јазик не е нивниот мајчин јазик или јазик на нивната нација или на било која друга нација. Меѓутоа, пред да ни одговорат на тоа прашање, прво треба да се запрашаат самите себе си: "Ако нивниот, така наречен, грчки јазик е во употреба со илјади години, како самите и велат, зошто е во употреба само во Грција и во никоја друга земја во светот?" Грција е држава од 1828 година, а пред тоа егзистираше без граници околу 2,300 години, па затоа е чудно, како таков древен јазик да не се проширил и во некоја друга територија надвор од денешните грчки граници?

За несреќа, причината што не се зборувал надвор од грчките сегашни граници е таа, што бил мртов јазик. Исто како и латинскиот. Со него се служеле само органите на власта и институциите на црквата. Покрај тоа, не бил мајчин јазик на модерниот народ на Грција. Тој бил прифатен после, од како грчката држава била креирана во 1828 година и пренесуван на "грчкиот" народ преку образовниот систем на државата.

Ако можам да до објаснам, грчкиот јазик не се проширил надвор од сегашнните државни граници и затоа, што никогаш и не бил народен јазик..."1 ____ Извор : 1- Ристо Стефов, “Анализа на историските настани во Егејска Македонија ’’, дел- 26превод на македонски Сотир Гроздановски линк : http://www.bukovo36.com/433916417