Дојдовме до овој документ од 1934 година, зачуван во Националниот архив на Австралија, кој сведочи за една длабока и често премолчувана историска реалност.
Атанас Васил Делјанис, македонски иселеник кој барал австралиско државјанство, официјално изјавува пред австралиските власти дека е Македонец, и дека неговото вистинско име не е во грчка форма по личен избор, туку е под присила.
Во документот јасно и недвосмислено стои дека Македонците под грчка власт биле принудени да ги користат грчките форми на своите имиња, наместо нивните изворни македонски имиња.
Ова е службен документ на една трета држава, напишан од државни службеници, со печати и потписи.
Документот потврдува постоење на македонска национална самосвест во меѓународни архиви, системска промена и хеленизација на македонските имиња, но и дека македонските иселеници биле принудени да ја објаснуваат својата вистина пред странските држави.
Ова е мал, но исклучително силен доказ дека македонскиот идентитет не е современа конструкција, туку документирана историска реалност, препознаена и заведена далеку од Балканот.

No comments:
Post a Comment