Search This Blog

Friday, July 4, 2025

Премини во Македонија и помогни ни

 

Се на овој бели свет е околу верата и припадноста кон неа.


Со настапувањето на Апостол Павле и неговите проповеди за верата во Словото започнува процесот на словенизација меѓу Македонците која, тие како повикан народ понатаму тие ќе ја шират меѓу народите .

Словенизација е прифаќање на Словото како своја вера.Со прифаќањето се одредува и припадноста на поединците ,родот ,народот кон Словото 

Лингвистички е вака 

Именка + наставката за припадност кон него 

Во Слово + нивни 

Слово в + ниини

в->ј 

Слово ј + нини

Слов ја ни .


Првата Словјанка е Лидија и нејзиното семејство.

Во нејзиното време не постои терминот 

Христос и затоа за неа погрешно се објаснува дека е првата Христијанка на Европа.

Терминот Христ се појавува некои два и половина векови подоцна и означува религија


Рефлексијата во верата на терминот Словени денес е во терминот ПрвоСловни или ти ПравоСлавни .

Ние Македонците така и сме запишани 

Македонци православни христијани.

 Кој тоа е Словото ?

Што лингвистички означува терминот Слово?


- Словото е Исус ,спасителот .

Во почетокот беше Словото 

- Под буква, лингвистички Слово е анаграм за човек .За Человек како постар назив .

Еве како 

Человек 

ЧЛВК 

Бидејќи јазикословието е жива материја ќе согледаме промената во почетната буква 

ч ->с .

ЧЛВК 

ч->с 

СЛВК 

И исчитуваме 

СЛоВо К 

При што и буквата К е ознака за припадност.

Што значи ова и вакво согледување со оваа теза и овој пристап?

Ова упатува кон најголемиот,кон првиот пристап на кој се темели нашата вера ,а тоа е дека Отец Бог заради искупување на нашите гревови го дал својот син Исус кој се отелотворува ,се раѓа како Человек,како човек заради спасение на човештвото .


Дојди во Македонија и помогни ни .


И дошол Апостолот се шири верата за спасението преку апостолите и се шири и меѓу Македонците кои создаваат своја Апостолска Црква преку која ја шират верата во Словото меѓу народите...


:)

***






Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог. 

2.Тоа во почетокот беше во Бога. 

3.Сѐ стана преку Него и без Него ништо не стана, од она што постана ... 

 - 10.Во светот беше и светот преку Него постана, но светот не Го позна.

 11.Дојде кај Своите, но Своите не Го примија - (фарисеите). 

12.А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде моќ да станат чеда Божји ... 

 - 14.И Словото стана тело и се всели ме­ѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот ...


- Значи сите оние кои го познаа и кои поВеруваа во Словото Божјо !! 

по Словото Негово ги именуваа и нарекуваа СЛОВЕНИ - служители на Словото Божјо !!

 Пророк Исаија 61 - 6.А вас ќе ве викаат: „Господови Свештеници,” ќе ве наречуваат: „Служители на нашиот Бог.”

 Ќе ги уживате богатствата на народите, ќе се гордеете со нивните блага ... за што и светијата Лука забележал; 1 - 1.

Бидејќи мнозина се обидоа да го запишат кажувањето за настаните што се случија меѓу нас, 

2.како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и служители на Словото, 

3.намислив и јас, откако испитав сѐ од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле,

 4.за да ја познаеш веродостојноста на учењето, во кое си поучуван !!                                        - Исто така светијата Лука забележал; 

„И кога ја напуштија Мизија, тие слегоа во Троада. 

Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек Македонец, кој го молеше и му велеше: ,Премини во Македонија и помогни ни!‘“

По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ нè повикал таму да го проповедаме СЛОВОТО БОЖЈО !! (Дела 16,8-10)...


... Во првото послание на светиот апостол Павле до Солуњаните,се вели; 1 - 4.

 Знаеме, возљубени браќа, за вашиот избор од Бога,

5. зашто нашето БлагоВестие(евангелие) кон вас беше не само со Слово, туку и со сила и со Светиот Дух, и со голема увереност: сами знаете какви бевме за вас помеѓу вас.

6. И вие се угледавте на нас и на Господа, 

кога во големи маки со радост го примивте Словото од Светиот Дух,


7. така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја.

8. Оти од вас одекна Словото Господово не само во Македонија и Ахаја, туку и во секое место се пронесе славата за Верата ваша во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме ... за да во писмото испратено до Коринтјаните светијата Савле ги кажува македонците како пример за верен народ, кој ревносно ја пазел Верата уште пред да му биде "донесена" ("... тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господа, а потоа и на нас, по волјата Божја" - 2 Кор.,8 ) ...

За да истото биде подобро објаснето во писанието на светијата Јован 17 -  6.Го објавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот; тие беа Твои, и Ти Ми ги даде, и го запазија Твоето Слово. 

7.Сега разбраа дека сѐ што си Ми дал, е од Тебе; 

8.зашто зборовите што си Ми ги дал им ги предадов и тие ги примија и раз­браа навистина дека од Тебе сум излегол, и поверуваа дека Ти си Ме пратил ... 

14.Јас им го предадов Твоето Слово, и светот ги замрази, зашто тие не се од светот, како и Јас што не сум од светот. 

15.Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото. 

16.Тие не се од светот, како и Јас што не сум од светот. 17.Посвети ги со Својата вистина. Твоето СЛОВО !! е Ваистина ... 




ПРОГОНОТ И ПОГРОМОТ ВРЗ  СВЕТИИТЕ

                        СЛОВЕНИТЕ - ПРАВОСЛОВИ(Ј)ЕТО       


- Кој е "светот" кој толку го намрази Учителот - Рава кој поучаваше за  Словото Божјо и сите оние кои поВеруваа,го познаја и примија ни кажува; светијата Лука 4 - 5.Потоа ѓаволот Го одведе на една ви­сока планина и му ги покажа за миг сите царства во светот. 6.И Му рече ѓаволот: „Тебе ќе Ти ја дадам сета оваа власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам. 7.Ако Ти ми се поклониш, сето тоа ќе би­де Твое.“ 8.Но Исус му одговори и рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто напишано е: ‚На Господа, твојот Бог, поклонувај Му се и единствено Нему служи Му!‘“

- Значи "светот" е власта т.е. царството световно кое во дадeн период владее на земјата и истото е против се она што се проповеда со Словото Божјо - Божјите закони и моралните принципи,и од таквото царство "не се од тој свет",сите оние кои живеат по Божјите закони искажани преку Словото Божјо !!                                                                              

 - За "светот" - царството кој го распна и уби Синот Човечки и Божји,кој вршеше прогон и погром врз светиите кои го шират Словото Божјо,и сеуште врши, читаме  во писанието на пророкот  Даниил 2 - 40.А четвртото царство ќе биде цврсто како железо; зашто како што железото троши и дроби сѐ, така и тоа ќе дроби и ќе уништува ... 7 - 23.Освен тоа тој рече: Четвртиот ѕвер го означува четвртото царство што ќе постои на земјата, различно од сите царства и што ќе ја голтне целата земја, ќе ја гази и ќе ја измачува ... 25.И против Севишниот ќе зборува и ќе ги угнетува светиите на Севишниот; дури ќе си помисли да ги измени праз­ниците нивни и закони, па тие ќе бидат предадени во раката негова за едно време уште толку и половина ... 

- Денес на сите ни е познато кое е четвртото царство,знаејќи дека римофарисеите го распнаја и убија Младенецот,римофарисеите кои послем триста и кусур годишниот прогон и погром на светиите СЛОВЕНИТЕ кои го ширеа Словото Божјо !! според кое човекот е Образ Божји, тие римофарисеите измислија псевдорелигија лицемерно именувајќи ја "христијанство" и истата ја прогласија за државна и ја наметнаа  на целата  територија на римската империја создавајќи свој "паднат свет" - четвртото царство кое ги измена законите - ги наметна црковни догмии канони - човечки закони; светијата Матеј 15 - 7.Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи: 8.‚Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене; 9.но напразно Ме почитува, учејќи со човечки учења и заповеди.‘“,ги измена времињата и деновите прелажувајќи ги лујѓето да чествуваат и празнославуваат на погрешни датуми,ги избриша древните исконските и направи нови календари - јулијански,грегоријански,измислувајќи своја "црква",лицемерно нарекувајќи ја "христијанска" врз "камен темелникот Петар" - Дела 7 -  48.но Севишниот не живее во ракотворени храмови, како што вели пророкот; 49.‚Небото е Мојот престол, а земјата подножје на нозете Мои. Каков дом ќе ми направите, вели Господ, или кое место е за Мојата почивка? 50.Не го направи ли сето ова Мојата рака?‘ 51.Тврдоглави и необрезани по срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како татковците ваши, така и вие ...,за што неминовно е да го споменеме разговорот помеѓу Учителот и Петар во кој се открива симболиката за каква "црква - храм" станува збор; светијата Матеј 16 - 22.А Петар Го повлече настрана, почна да Го одвраќа, велејќи: „Биди милостив кон Себе, Господи; тоа со Тебе нема да се случи!“ 23.Но Тој се заврте и му рече на Петар: „Бегај од Мене, сатано! Ти си Ми соблазна, зашто мислиш не за она што е Божјо, туку за она што е човечко!“... 33.Тогаш Петар Му одговори и рече: „Дури и сите да се соблазнат поради Тебе, јас никогаш нема да се соблазнам.“ 34.Исус му рече: „Вистина, ти велам: оваа ноќ уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене !! ...  

- Од горе напишаното од повејќе станува јасно зошто ова двеилјадигодишно царство световно,исто толку време ги мрази и уништува СЛОВЕНИТЕ сите оние нарочито македонските верници словени,кои се зародишот во ширењето на Верата за и во  Словото Божјо - ПравоСловијето, никако правослАвие како што сакаат да го именуваме,туку ПравоСлови(ј)е - Ваистинското Слово - Словото Божјо !!

- Омразата е дотолку поголема што  свидетелствувањата;кажувањата - писанијата забележани во Светото писмо - библија укажуваат исто така на појава на едно ново царство - Божјо !! чии темелни вредности се раководени по Словото Божјо и Божјите закони; пророк Даниил 2 - 44.И во деновите на тие царства не­бес­ниот Бог ќе подигне царство кое нема да се разруши никогаш, а тоа царство нема да биде предадено на друг народ; тоа ќе ги победи и разруши сите цар­ства, а само тоа ќе остане вечно ... 7 - 27.а царството и власта и царското ве­личие по целиот поднебесен свод ќе му се даде на народот од светиите на Севишниот, чие царство е царство вечно и сите великодостојници ќе Му слу­жат и ќе Му се покоруваат Нему ... 

- Кој е тој народ на светиите на Севишниот ?!? сите оние кои поВерувале го познале и примиле Словото Негово - Словото Божјо и се О'СлоВенeти; светијата Јован 17 -  14.Јас им го предадов Твоето Слово, и светот ги замрази, зашто тие не се од светот, како и Јас што не сум од светот. 15.Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото. 16.Тие не се од светот, како и Јас што не сум од светот. 17.Посвети ги со Својата вистина. Твоето Слово е вистина. 18.Како Ти Мене што Ме прати во светот, и Јас ги пратив во светот. 19.И за нив јас се посветувам, та и тие да бидат осветени преку вистината. 20.Но не се молам само за нив, туку и за оние што преку нивните зборови ќе поверуваат во Мене, 21.за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил. 22.И славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов, за да бидат едно, како што сме Ние едно. 23.Јас сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во сѐ едно, и да дознае светот дека Ти си Ме испратил, и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби ... 

- За да во Откровението на светијата Јован читаме; 19 -  11. И го видов небото отворено, и ете, бел коњ и Оној Кој јаваше на него се ви­ка Верен и Вистинит, и Тој праведно суди и војува; 12.очите Му беа како огнен пламен, а на главата имаше многу круни и напишано име кое освен Него, никој не го знаеше. 13.И беше облечен во облека натопена со крв, и со името – Слово Божјо !!