Search This Blog

Sunday, March 23, 2025

Историска лага за Големата Преселба на Словените

 "Историската вистина за јазичната и генетската близина на Античките Македонци со Словенските народи, како и за измислената голема преселба на Словените


Во книгата „Древняя история казачества“ од Е. П. Савельев, чие што прво издание е пишувано во XIX век, на стр. 58 јасно е напишано дека „По падот на Македонското царство, околу 320 г.п.н.е., дел од Македонците се преселиле кон Балтичкото море. Тој народ бил наречен Бодричи, кој долго време го сочувал грбот на нивниот Александар Македонски, со Букефал и Грифон. Она што е посебно интересно е што тие зборувале на Словенски јазик, и дел од нив се селеле во најголемите, а подоцна и главни градови на Русија: Новгород, Псков, Владимир, Москва, Петерсбург. За себе тие говореле: „Ние сме славјани, т.е. ние што ја сакаме славата“. 

Ќе нагласам дека пред преселбата опишана во книгата Древната историја на Казаците, Александар Македонски една година пред да тргне на Персија, тргнал кон север, го поминал Дунав на устието во Црно Море, напредувал до денешна Украина, дошол до Дњепар, се вратил назад и потоа тргнал кон Персија. При тој поход, дел од Македонците останале на тие простори. Материјален доказ за тоа се повеќе арехеолошки наоѓалишта во Украина со пронајдени монети со ликот на Филип II и други артефакти.

Таа е вистината за двете големи преселби на Словените, односно за смерот и периодот на нивните преселби, уште пред новата ера, односно 9 века пред фалсификат историјата што ни ја наметнуваат антимакедонските европски племиња.


Елаборирање на историската лага за „Големата преселба на Словените“


Разоткриен е историскиот фалсификат на Берлин, Лондон и Париз од XIX и XX век, базиран на записот на византискиот цар Константин VII Порфирогенит во кој, тој вели: „И тогаш се крена проклетиот словенски народ“, без да спомне било каква преселба. Тоа значи дека Големата преселба на Словените е лага без било каква научна основа !

За да се негира постоењето на Македонците како еден од најстарите народи во Светот и со сигурност најстар во Европа, Берлин, Лондон и Париз ги создаваат вештачките творби, Грците и Бугарите.

Голем број руски и други историчари и археолози ја отфрлаат Теоријата за преселба на Словените од кои настанале денешните словенски нации и држави.

Добро платени „експерти“, редовно и постојано, во некакви си „трудови“, и на медиумите, тврдат дека Македонците се Словени, дека користејќи трски за дишење го минале Дунав и се доселиле од „зад Карпатите“, и како доселеници мора да се откажат од антиката, односно од автохтоноста на овие простори. Притоа најмалоумно, немаат одговор за следново:

- кои се Словените, зошто воопшто тргнале во уникатна обемна етничка преселба, зошто на толку долг пат и зошто огромната природна препрека Дунав не ги принудила да застанат туку продолжиле кон Македонскиот полуостров?

- колку време им било потребно со воловски запреги, со севкупната покуќнина, домашни животни и стада, да дојдат до Македонија, какви трски користеле воловите при минување на Дунав? 

- со какво софистицирано оружје располагале за да ги победат, поробат и потоа уништат староседелците на целиот Македонски полуостров?

- кој ги предводел и зошто нема ниту едно име на предводник во преселбата, какви што има за секој поголем поход?

- зошто нема никаква материјална трага од Словените меѓу VI и IX век? 


Според историчарите кои заговараат дека Словените навистина дошле од „зад Карпатите“, најголемата маса од околу 300.000 Словени на Македонскиот полуостров се доселила во 626-та година. Значи тргнале во пролет и за осум месеци, колку што може да се патува пред да дојде зимата, поминале близу 1.500 км, препливале десеттина големи реки, меѓу кои и Дунав, а потоа се населиле на локации по слободен избор... 

Од друга страна, оние што се сомневаат во тоа, отворено се прашуваат со каква воена сила располагале Словените, кога само за една година поминале толкав пат, молскавично кршејќи го отпорот на попатните племиња и староседелците. 

Како е возможно старите жители на Македонскиот полуостров одеднаш и во потполност да исчезнат? Ако ја прифатиме претпоставката за нивно тотално и брзо истребување од страна на доселениците, како притоа, останале старите називи на планини, реки, ридови, потоци, мочуришта, пештери и друго? Како е можно новодојденото население за кратко време да прифати такво мноштво туѓи називи од своите претходници, кои немилосрдно ги истребило и изгнало?

Ако доселениците биле екстремно свирепи кон староседелците, зошто ги прифатиле нивниот јазик и култура? И како тоа ги истребиле, а го научиле нивниот јазик? Временски невозможно. Како потоа тој новиот тнр. старословенски јазик, чија што колевка е Охрид, се проширил во обратна насока, од Македонскиот полуостров зад Карпатите? Ако пак доселениците прифатиле некаков период на заеднички живот во кој успеале да ги научат и усвојат сите називи и обичаи на староседелците, во кој момент и зошто решиле да бидат монструми, и да извршат геноцид на домородното население? За таквото нешто нема никаков запис ниту усно предание.


Самата претпоставка за масовна преселба на цел народ е невозможна!

Според ставот на официјалната (фалсификувана) историја, се уште доминантен и во Македонија, Словените се доселиле на Македонскиот полуостров во релативно краток период меѓу V и VII век. Ваквата претпоставка се базира на еден запис од X век „И тогаш се крена проклетиот словенски народ“, на византискиот цар Константин VII Порфирогенит, според кој главната преселба се случила во 626-та година. Токму оваа историска лага им мати ум речиси на сите „историчари“ за тој период, модификувајќи ги и отфрлувајќи фактите што не се вклопуваат во таквото сценарио. Интересно е што Византија воено не реагирала на такво големо етничко раздвижување и преселба. Зошто? Логичен одговор е дека немало никаква масовна преселба на народ и логично, немало потреба за било каква воена реакција.

Доколку и прифатиме дека се случило масовното доселување, тогаш мора да сфатиме дека тоа морало да предизвика големи етнички и културни промени на Македонскиот полуостров, иако не се знае како „доселениот народ“ без силна државна и воена формација ги избегнал сите асимилаторски процеси во моќното византиско царство.

Интересно е што „преселничката историографија“ малоумно ги запоставува техничките претпоставки за толку масовна преселба на цел народ. Постојат разумни научници според кои постојат многу небулози во физичко-техничката изводливост на преселбата на Словените низ предели испресечени со големи планини, реки и мочуришта. Физичка преселба на населението од едно на друго место подразбира цел низ предуслови и техничка опременост за нејзина реализација, како и за успешно населување на новата локација.

Во секоја преселба не учествува само населението што се сели, туку, во голема мера, и населението што останува на појдовната позиција, потоа домицилното население на териториите преку кои се врши преселбата, како и населението меѓу кое доселениците се населуваат. Фактот што голем број топоними на Македонскиот полуостров се многу постари од V-VII век зборува дека тие се наследени од староседелците, зашто наследување на топоними, ороними и хидроними, не е возможно ако некој народ се доселува во празни или слабо населени простори. Значи, наследените топоними, ороними и хидроними, се доказ дека морал да постои долг период на соживот и комуникација на ист јазик. 

Колку и да тврдат западните историски лажговци дека при големите преселби на народите настануваат големи мешања и создавање на нови сурогат народи, дека токму тоа се случило и при доаѓање на неброените диви орди од некакви степи и северни пустари, каде што немало услови за опстанок на толку бројно население, никако не можат да не убедат дека таквата преселба била физички и технички изводлива.

Да замислиме преселба на маса од 100.000 до 300.000 земјоделци со комплетни семејства, со сето она што ги чини организирана етничка заедница, од „некаде зад Карпатите“ кон Македонскиот полуостров... 

Мора да се знае дека тоа население живее од земјоделие, сврзано е со земјата, гробовите на претците, родовско-племенската организација и некаков систем на одбрана од разбојници и освојувачи.

Се разбира дека сето тоа не поттикнува потреба за преселба, и логично е таа да биде предизвикана од мотиви појаки од наведените врски со родната груда. Од друга страна, многуилјадна заедница по правило троши онолку храна за луѓето и стоката колку што ќе произведе, и нема никаква смисла да вложува дополнителен труд за да произведе вишок на храна затоа што истиот би пропаднал. Ако пак има вишок на храна, тој потикнува наталитет, за да го троши вишокот храна. Затоа масовната преселба на земјоделско население подразбира неопходност, покрај вообичаената резерва на храна, да обезбеди храна барем за уште една година. Тоа значи дека им била потребна двојна годишна резерва на храна на ниво на заедницата. А ако има можност за такви резерви на храна, тогаш зошто потреба за преселба?

Да претпоставиме дека и покрај се, овој народ решил да се пресели далеку од родната груда,... се поставува прашањето за транспортот на храната, опремата, алатките, облеката, реликвиите, стоката, живината и друго. Ако едно семејство од тоа време имало околу 30 члена во три генерации, меѓу нив има млади и стари кои не се во состојба да поминат пеш пат од 1.500 км. Значи, потребни се бројни запреги, волови и товарни коњи за нивен транспорт, како и за резервите храна што ги носат.


Математички небулози во фабрикување на преселбата !


Воените енциклопедии, од римските легии до денес, велат дека дневниот оброк по војник тежи 500 до 1000 гр. Значи, дури и ако се користи оброк само за преживување, односно храна од околу 300 гр., за 500 дена, до првата жетва во новата татковина, неопходно е секое 30 члено семејство со себе да понесе околу пет тони сува, концентрирана храна. Ваквата исхраната во период од 18 месеци, ако воопшто е возможна, сигурно би довела до масовни болести. Сточната храна, исто така неопходна, повеќекратно е потешка од храната за луѓето. Само за дневна исхрана на еден коњ потребни се 3 - 5 кг зоб и околу 5 кг сено.

Точните податоци од оваа област велат дека просечен товарен коњ може да носи околу 100 кг товар, а литературата за старите Словени тврди дека нивните коњи биле високи 120 - 150 цм. Запрежен коњ на добар и рамен пат може да влече товар трипати потежок од него. Оттука, лесно може да се пресмета дека за потребите на преселбата, на ниво на едно „задкарпатско семејство“ треба да има пет тешки двоколки со по 4 влечни коњи или волови, или, ако нема запреги, да поседува дури 50 товарни коњи! Ретко кое тогашно семејство можело да има таква ергела коњи. Освен доволно храна секое семејство морало да располага и со бројни запреги со многу запрежни грла. Ако секое семејство има толку храна, стока, запреги, коњи, свињи, овци и кози, тогаш каде е мотивот за преселба на огромно растојание, во непознато и несигурно?

Воопшто не треба да се игнорира и фактот дека движењето по непознат и ризичен терен, со толку стока и храна, е потенцијален плен на разбојници, царства, односно потребни се 10-30.000 војници за заштита, од кои барем неколку илјади коњаници, на товар на семејствата. Знаејќи го габаритот на колона од 300.000 луѓе, се поставува прашањето со која брзина и колку долго колоната ќе се движи кон целта (ако воопшто знаеле каде е целта)? Значи, ваква масовна преселба за толку кратко време не е возможна, односно чиста измислица.

Сепак, за да видиме колку тој потфат навистина е неостварлив ќе се послужиме со сводоштвото на Карл Фон Клаузевиц, пруски генерал кој 1812 г. влегол во Русија и се борел против Наполеон. Според него, еден организиран марш на голема воена формација подразбира брзина на движење од 70 км за 10 дена, што е одлична брзина на движење во тоа време. Колоната на Словените што тргнале кон Македонскиот полуостров не е воена формација, и брзината на движење на таква колона е само неколку километри на ден. Ако оваа преселба била на растојание од 1.500 км, јасно е дека за тоа се потребни најмалку 200 дена без поголеми попатни проблеми. Дури и ако народот се движел во организирана колона, што не е точно, затоа што историјата не забележала ниту едно име на водач на преселбата, колоната би била долга околу 1000 км (секое семејство би зазело околу 100 м со своите запреги, крупна и ситна стока).

Може да замислите многу долга колона, река луѓе и животни што ги сврзуваат појдовната и дојдовната позиции. Додека едните биле во тргнување, другите веќе пристигнале на територијата на денешна Македонија! Дури и ако би се организирале десет паралелни колони, што е невозможно поради не постоење таква ширина на просторот низ кој се движеле, должината на секоја колона би била по околу 100 километри и ширина од 20 км во текот на целото патување, за да има доволно трева за испаша на стоката. Со вакво покривање на просторот би била опустошена, односно збришана секоја тревка и грмушка на површина од околу 150.000 км2, простор шест пати поголем од вкупната површина на денешна Република Македонија. 

Квази историчарите, кои тврдат дека се случила големата преселба не го зеле во предвид проблемот со вода за пиење. Да се пои со вода толкав народ и стока потребно е да се располага со вода за пиење на секои неколку километри, затоа што нема теоретска можност ниту садови, потребното количество вода да се носи на запрегите. 

Дефинитивно, преселбата е утопија измислена од малоумните западноевропски историчари!

Сепак, да претпоставиме дека храбрите авантуристи сите попатни реки ги совладале со пливање, со скели или со газење, но што кога дошле до Дунав? За да се лаже за поминување на Дунав со трски за дишење треба да се знаат неколку важни податоци. Имено, Дунав само во должината низ Србија, има длабочина од 2 до 21 м., и ширина од 380 до 2000 м. Од Ѓердап низводно Дунав е длабок 7 м. и широк околу 2600 м. Во вливот тој во просек е широк околу 15 км. Од Будимпешта до српската граница, особено на левата страна од Дунав, има мочуришта во ширина од 5 до 10 км. Тоа значи дека преминот преку Дунав и денес е научна фантастика, а не пред 1.400 години. Во тоа време, коњаниците за премин на реки користеле надуени мешини од животински кожи. Во некои учебници фантазерите оперираат со премин преку замрзнат Дунав. Останува секако и најдебилната верзија дека Словените го поминале Дунав со движење по дното, дишејќи со трски истопорени над нивото на водата. Оваа верзија се разбира е тежок дебилитет (невозможна), затоа реката е широка неколку стотина метри, длабока повеќе метри, има многу тиња, густа подводна трева и бројни вртлози и вирови кои сосема ја исклучуваат таа можност, и при тоа самата трска има непропусни чворови на секои 50-60 цм. Останува најреално тоа да се стори со пловни средства, затоа што чамците и сплавовите биле единствена можност во тоа време да се помине од едниот на другиот брег на огромниот Дунав.

За превоз на 10.000 семејства потребни се околу 300 сплавови за да може превозот да се заврши за еден месец. Дури и ако претпоставиме дека системот бил многу организиран, потребна е обемна дрвена граѓа, сврзни елементи и илјадници мајстори за да се реализира тој потфат. Дури и Дунав некако да бил поминат, било потребно 1-2 месеци да стигнат до Македонија. И најпосле, по сите маки и искушенија, на целта - Македонскиот полуостров, во најдобар случај би стигнале околу 100.000 луѓе. При таква бројна состојба целата преселба е бесмилена затоа што така мала, исцрпена и хетерогена група, нема моќ да освои, веќе населена територија и да ги потчини домородните населенија. Да небулозата биде уште поголема, истите „историчари“ тврдат дека имало преселба на словени и на запад (Чеси, Словаци, Полјаци, Лужички Срби...)

Значи, според досега извршените и објавени пресметки, техничко-физичкото поминување на 1.500 километри само во текот на 626-та година е апсолутно невозможно, всушност тоа е утопија измислена од западноевропските „историчари“ за да се поништи континуитетот на македонскиот народ. Имено, тој потфат не само што не е логичен, туку е и налудничав, зашто практично немал  никакви услови да биде реализиран.

Поводот за да се измисли една ваква преселба е сумблимиран во тврдењето на Александар Фомич Вељтман дека сите народи на Македонскиот полуостров имаат доантички, антички и средновековен континуитет на истиот простор каде што се и ден денес. Тој, анализирајќи ги записите на Тацит, пасус по пасус, наоѓа логични врски со таканаречените словенски племиња дури и во случај кога се работи за необични називи и привидно неразбирливи описи. Називите на тие племиња официјалната историја ги игноирира, или ги припишува на некои изумрени племиња.

Вељтман докажува дека зад бројните варијанти на племенски називи, кои често се модификувани при превод на странски јазици (грчки, латински, германски, готски, ...), всушност стојат стари, автохтони народи од Македонскиот полуостров. Со овие племиња, кои се поклопуваат со локацијата на таканаречените словенски доселени племиња, се докажува континуитетот на ист народ со векови, иако современата западноисториска наука воведува бројни нелогични називи на племиња со неразјаснето потекло, наоѓајќи соломонско решение за целиот тој хаос - голема преселба на народите, која се нема случено.

Според тоа, смешна е небулозата дека Македонија се антиквизирала; Македонија не може ниту да се „антиквизира“, ниту да се „словенизира“, затоа што Античките Македонци се славни луѓе, односно Славјани. Западноевропската историографија може да се извини за сторениот фалсификат, да ја корегира историјата и да се самоукине и самораспушти. 


Да ја повторам историската вистина, а таа е дека постојат најмалку две преселби на дел од Античките Македонци околу 336 и околу 320 г.п.н.е., дека тие се преселиле примарно на територијата на денешна Украина и во близина на Балтичкото море, зборувале словенски јазик и долго време го сочувале грбот на Александар Македонски, со Букефал и Грифон. Тие за себе велеле дека се Славјани, затоа што се чувствувале славни, и мигрирале по големите, подоцна главни градови на Русија, што значи дека се предци на подоцнежната руска елита.

Таа е вистината за врската меѓу словенските јазици и селењето на Словените, односно за смерот и периодот на нивната преселба, уште пред новата ера, односно 9 века пред измислената голема преселба на словените што ни ја наметнуваат антимакедонските современи европски племиња."

Тони Алексовски 


https://www.facebook.com/share/p/19yepvrDzY/


No comments:

Post a Comment