Од Марко Македон
Битката кај Пинд.
На 22 Jуни 168 п.н.е. се одиграла конечната битка во Трета Македонско-Римска војна кога двата противници, Римските легии и Македонската Фаланга се построиле во борбен ред на двете страни на реката Пинд (Лефкоc).
Македонската фаланга предводена од Македонскиот владетел Персеј, последниот од династијата на Антигоноидите на Кралот Филип 2 и Александар Македонски и Римјаните, под командата на конзулот Лучо Амилис Паоло.
Сојузници на римјаните во оваа ботка биле: Бергаманон, Роди, Лeгата Ахаја и Лeгата Ајтолон .... Етолците (сојуз) биле од време непријатели со македонците, иако зборувале ист јазик, Титo Ливи, книга XXX, с. 29: Aкаранците, eтолците (Значи Лeгата Ајтолон - Етолија бил воен сојуз, не држава) и македонците зборуваа иcт јазик.
- ''Aetolos, Acarnanas, Macedonas (Makedonians) eiusdem linguae hominess''.
Аѕена како влијателен член на Лeгата Ахаја им дал логистика повторно на римјаните, против Македонија. Лигата Ахаја (Лигата Ахаја предводена од Аѕена) и Лeгата Ајтолон (Етолците предводена од Фоќис - фоќијците, тука ''водачите'' варираат) им се придружија на Римската Република против Македонија.
Во оваа битка Македоонската фаланга е поразена, Македонија ја губи својата независност, убиени се многу македонски војници, а околу 5 илјади се продадени како робови на островот Сицилија. Македонија е поделена на четири клиент републики – Меридии.
Битката кај Пинд во геополитичкаа смисла била многу значајна за Рим затоа што значела пораз за Македонија. Македонија е потчинета од тогашната Римска Република, кој тогаш билa сметанa за неоспорен "владетел на светот".
Македонија е претворена во римски протекторат кој ќе трае од 168 до148 п.н.е. Неколку месеци по поразот на Персеј, последниот крал на Македонија, кај Пидна (168 п.н.е.) Римјаните се нашле пред клучното прашање како да управуваат со земјата. Прашањето не било ново. Истата дилема ја имале и пред триесет години, по нивната победа над Таткото на Персеј, Филип V, во Киноскефали (197 п.н.е.), кога било одлучено Македонија да да го зачува кралството во неговите стари историски граници и да има наследник на престолот, За таа цел Димитриј се школувал во Рим, за Македонија да продолжи да го исполнува својата витална улога како бедем за одбрана на јужниот дел од варварска инвазија. Новата војната покажала дека ова решение е нереално и дека Рима треба да преземе построги мерки за поефикасна контрола над земјата. Римјаните се одлучиле за решение ссо кое Македонија политички ќе биде поделена и економски ослабена.
Политичката поделба на Македонија била постигната пред се со создавањето
од четири самоуправни „кантони“ (региони) именувани како „Клиент Републики“, со исклучок на Пајонија (која, иако била населена со едно племе, била поделена според новиот систем), кој бил дефиниран врз основа на нивните историски граници.
Првиот кантон се протегал од Нест до Стримон, со додавање на Бисалтија (која лежела западно од Стримон) и Синтице.
Вториот кантон ги сочинувал земјите помеѓу Стримон и Аксиос (Вардар), плус источна Пајонија, која лежела на север околу половина пат возводно по должината на
Аксиос (Вардар).
Третиот кантон бил дефиниран на просторот западно од Аксиос, источно од планината Вермион и северно од реката Пенејос, неговата северна граница е неодредена; исто така во него го опфатил тој дел од западна Пајонија ограничен со Аксиос.
Конечно, четвртиот кантон ги вклучувал (од југ кон север) земјите на Еордаја, Елимеја, Линкестис, Дериопус, Пелагонија и делот од западна Пајонија што се граничел со земјата на Дарданците.
За нивната политичка организација знаеме само дека се состанувале собранија, се собирале даноци и избрани гувернери (Диодор ни кажува дека секој кантон имал свој гувернер) во нивните престолнини (Амфиполис, Солун, Пела и Хераклеа).
Иако изворите не дозволуваат никаква сигурност во оваа точка, тоа е веројатно – и се тврди од голем број научници – дека римскиот сенат им дозволил на Македонците да постават заеднички совет (види Livy XLV, 32) за целокупната администрација на цела Македонија. Прашањето за безбедноста на регионот беше решено на необичен начин, со конституирањето на локалните гарнизони на Македонците распоредени по северните граници од трите кантони кои се граничат со варварски земји (т.е. третиот кантон).
Вториот елемент на решението, економското слабеење на Македонија со цел да спречи појава на силни локални центри кои би можеле да ја поткопаат нејзината лојалност, требало да се постигне преку низа конкретни мерки:
а) забрана на мешаните бракови помеѓу жителите на различни кантони;
б) забрана на сопственост на земјиште или градба- во повеќе од еден кантон;
в) забрана на трговијата со сол меѓу регионите и одредување на нејзината цена за четвртиот кантон; и
г) суспендирање на работата на државните (кралски) монополи, како што се тие за дрво и рудници за сребро и злато, а исклучок е направен само за призводството на железо и бакар.
Навидум ваквите решенија нудат одреден вид на автономија, но во суштина тие на теренот биле сосема поинакви.
Од 168 до 146 година Македоците се изолирани и живеаат во Енклави во рамките на секој од тие Кантони или Клиент републики, кои на Латински се наречени Склави или Есклави каде што како што погоре е наведено дека им е забрането секаква комуникација помеѓу енклавите и надворешна трговија, освен трговија за размена за сол, но таа била забранета помеѓу Кантоните.
Кантоните се дефинирани како самоуправни единици под суверенитет на Рим, но сепак власта во секоја од нив е во рацете на Римјаните кои поставувале своја про-римска власт и гувернер. Урбаните центри биле послободни, но од нив биле протерани сите оние кои претходно биле во Македонската Фаланга или во служба на Македонската Империја и заедно со поголемиот број на Македонското население биле приморани да живеаат во Енклави во руралните делови.
Енклавите се формирани на високите планиски предели, а не во низинските и приморските краеви од каде се протерани од Римјаните.
Енклавите или Скалвите според својата самоуправна организација, но во различни облици се задржуваат се до 8 век од новата ера, иако уште во 146 г. пне со формирањето на римската провинција Македонија биле слободни како и другите.
Веднаш после протерувањето на дел од Македонците од урбаните и приморските делови на Македонија, Рим започнува со колонизација на тие делови и насилна РОМАНИЗАЦИЈА на населението. Во наредните години со процесот на романизација на тоие делови од Македонија, Македонците, заедно со останатите, пред се Хелените, Илирите, Дарданците, Даките и дел од Траките и Ерменците се формира нова романизирана нација – Ромеи.
Со пропаста на Западното Римско царство, и со просперитетот на Источното Римско царство, посебно за време на Царот Константин Велики, Ромеите стануваат доминантно населние во Источната Римска Империја, а ромејскиот јазик формиран врз основата на Македонското Коине станува втор официјален јазик заедно со Латинскиот.
Но тоа се случува многу покасно. Да се вратиме на 168 год пне и Енклавите.
Бидејќи Македонците биле изолирани тие не биле подложни на романизација која тогаш се спроведувала надвор од Енклавите или Склавите, па кај нив благодарение на тоа се задржала старата култура, па Ромеите, новоформираната романизирана нација затоа и често пати ги нарекувале со погрдни зборови дека се прости и неписмени. Инаку Ромеј не е Грк или Хелен, туку РОМАНИЗИРАН жител на Источното Римско Царство, а може да биде од било кое етничко потекло или било кој етнос.
No comments:
Post a Comment