Search This Blog

Monday, December 9, 2024

Терминот Слово согледан како основа за терминот Логос

 Терминот Слово 

     согледан како основа за терминот  

                          Логос 

"Во почетокот беше Словото и Словото беше со Бог "Јован (1:1) 

Оттука и кованката :

Бог + Слово = Богословија 

Потоа се појави преводот :

 Theos + Logos = Theologia

                               

Терминот Логос велат започнал со учењето на тн Новоплатонисти 1.,а коренот на истиот го препознаваат во ПИЕ сеуште неоткриено

*log-o-, за кој корен велат дека е со наставката -о ,а сето го засноваат на претпоставениот корен *leg- (1) "да собираш,да збираш ,се мисли на зборови заради потребата " да се зборува"2

За нив се вели дека на историската сцена се појавуваат во 3 век после Исус,што ќе рече дека дотогаш тој термин бил непознат за никој .

Во прилог на тоа дека не се работи за едноставно преземање на овој термин од некогашната Платонова школа туку дека овој термин е нив измислен постојат ќе ги посочиме следниве дејствија во областа на лингвистиката.


Во времето на мисионерството на Апостол Павле кој го проповедал верата во Исус под епитетот Слово ,се појавува и Императорот 

Клаудиј кој што воведува реформа во латинската азбука.

-

                 

Набљудувајќи ги терминиве од агол на лингвистикава која си има неколку свои правила , знаејќи дека ништо не е паднато од никаде и дека се си има свој корен , ќе споредиме овие два збора ,укажувајќи дека терминот ΛΟΥΟΣ е латински , а не грчки збор кој што е извод од терминот Слово.

Значи хронолошки влијанието на новата вера е толку силна што влијае и остава впечаток кај еден римски цар кој за краток период на време видоизменувајќи го постоечкиот термин СЛОВО ќе создаде нов латински ,а не грчки термин што денес е популаризиран под називот ЛОГОС.

Влијанието што Слово како епитет за Исус кое има неколку значења :

-човек,збор,љубов,буква,азбука ,светлост ,сонце а оттука и потикнување на процесите на словенизација или воведување најпрвин на македонскиот,а потоа и на останатите народи во новата вера ,потоа описменувањето на народите воведени во Словото преку реформи во постоечките писма се одразува кај Клаудиус во тоа што за разлика од сиве наведени значења за Слово ,прави реформа за една буква при што добива нов дотогаш непостоечки термин со единствено значење на - збор како епитет за Исус во латинскиот свет.

Што прави тој Император?

- Се фокусирал на старо феникиската буква Υ која се изговарала како - В и започнал да ја изговара како Г .

Да согледаме малце околу ова што го ние го пишуваме

За таа буква запишале вака :


За замената во звучноста или замената на изговорот од 

Υ = В , кон Υ = Г , стои следново објаснување :


“In Latin, Y was named I graeca ("Greek I"), since the classical Greek sound /y/, similar to modern German ü or French u, was not a native sound for Latin speakers, and the letter was initially only used to spell foreign words.“

The Roman Emperor Claudius proposed introducing a new letter into the Latin alphabet to transcribe the so-called sonus medius (a short vowel before labial consonants),[6] which in inscriptions was sometimes used for Greek upsilon instead".3


Преведено на македонски 

Велат дека во латинскиот јазик не била од нивно домашно потекло , туку дека е преземена за да се испишуваат туѓи зборови . Значи тука имаме информација која вели туѓи зборови кои постојат во ,за Латините туѓ јазик од каде што се презема збор , за Латините туѓ збор и тој туѓ збор се испишува со употребата на оваа исто така за нив туѓа буква. 

Дури даваат и дополнително толкување дека оваа буква Υ ја нарекле,незнам кога ја нарекле (з.м) “грчко И “ која звучела слично на денес германското - ü или сега француското - u,

и додаваат дека ваквата промена ја направил Императорот Клаудиус кој живеел во времето од 10 год пред н.е. до 54 од н.е., а владеел во првите години од појавата на учењето за Исус од 41 до 54 год од н.е.


Таа замена би изгледала вака : 

Слово  

испишано со подруга ортографија

*ςλογο 

Од γ= в преку замена во изговорот 

γ= г

*ςλοΓо 

или 

λογο 

и понатаму кон она што денес се препознава како 

ΛογοΣ


Рековме дека постојат неколку лингвистички правила кон кои ќе се придржуваме како потпора за темава:

-1. Кратењето на буквата -с на почетокот на зборовите 

Во македонскиот јазик тоа кратење го пронаоѓаме 

кај зборовите : смена , скратување,собир при што добиваме 

смена,сменување - > мена ,менување 

скратување,кратење .. 

Значењето е исто , буквата с ја снемало.


Пример на кратење на буквата с од јазик во јазик .

од македонски во латински во зборот смрт 

смрт -мкд

-с/мрт - морто мортале - латински


2.Изедначувањето на буквите преку нивната звучност.

да речеме буквите с->з. 

пак со зборот смена 

смена 

с-з

*змена 

замена

Приметуваме дека се е исто и зборот и значењето, а промената е видлива,односно една буква се заменува со друга.


3. Замената на буква со буква 

Примерот со замена на буква во буква најповеќе со буквите што се посочуваат како школки пример 

б- >в ,

-Барбари, Бабилон 

-Варвари, Вавилон 

м->б

рамно- равно 


4. Наставките

Иако официјалната лингвистика во зборот логос последното ,наставката ќе ја согледува како - ΟΣ ,ние ќе согледуваме веќе оформен збор на кој на крајот ќе му се додаде симболот - Σ или Стигма .4 


"Објаснувањето за овој симбол е дека се работи за лигатура (ϛ) лигатура присутна во грчките букви сигма (Σ) и тау (Т), која се користела при пишувањето грчки меѓу средниот век и 19 век. Се користи и како нумерички симбол за бројот 6. Во оваа неповрзана функција, таа е продолжение на старата буква дигама (првично Ϝ, курзивна форма ), која служела како број уште од антиката и била комбинирана со σ- τ лигатура во ситниот ракопис на средниот век."

Оваа е нешто што се споредува со употребата на буквата - т ,на крајот од зборот во говорите на подрачјата прилепско,битолско,охридското, струшкото,а му доаѓа нешто како граничник со кој се одбележува завршетокот на изговорениот збор.

Можеби затоа и таа стигма има назив што потсетува на нашите описи :стига,стигнува ,достигнува ,досегнува со кои се укажува на должината на од-до траењето на зборовите.

Ова значи дека за временскиот период кога се додава - Σ се претпоставува дека најрано е некаде од средниот век со можност да е во самиот 19 век.

___________


Извор :

1- https://en.m.wikipedia.org/wiki/Neoplatonism

2-https://www.etymonline.com/word/Logos

3 - ^ Marotta, Giovanna (1999). "The Latin syllable". In van der Hulst, Harry; Ritter, Nancy A. The Syllable: Views and Facts. p. 289. ISBN 3-11-016274-1.

“Claudius (/ˈklɔːdiəs/; Latin: Tiberius Claudius Caesar Augustus Germanicus;[1][2] 1 August 10 BC – 13 October 54 AD) was Roman emperor from 41 to 54. “

4.https://en.m.wikipedia.org/wiki/Stigma_(ligature)

Интернет линк 

1- https://en.wikipedia.org/wiki/Y 

2 https://en.wikipedia.org/wiki/Claudius

No comments:

Post a Comment