Копнеж
Само да те гледам ,да те набљудувам ,недоволно ми е.
Го сакам животот и сакам некој да ме расположе.Некој кој умее .
Ги сакам и копнеам по вас понежните,послабите.
Целиот живот студирам.Толку време да сум трошел на други науки,електицитетот ќе се пренесуваше без жици, нематеријалното ќе си добиеше форма ,светлоста ќе беше побрза и од мислите.
А вообичаено секогаш сум бил победник.
И чинам оти со тебе ќе го имам првиот пораз.
Зошто ?
Можеби неизвесноста од вртење на грб и одминување...
Нејќам да бидам повреден нити сакам да повредувам и причина е шо сум бил на одалеченост од тебе сево ова време
А посакувам,
само да гледам барем едно 10-20 години.
Во тебе што од небесата си слезена за
да казнуваш за сите мои гревови.
И не .
Не барам втора шанса.
Никако втор куршум ,оти ни првиот
не ме промашил.
Подај ја нежноста твоја,
да бидеме дел неделив
Да те ѕирнам како крадец .
Кој ќе влезе да го земе највредното твое благо.
Да го има и да му биде свое .
Додај,оти создадена си
за сонувачи е каков што сум
Гушкај ме при тоа.
Гушни со топлина и милост
Присети се за едно спомнато пиво и повикај
Да се истроши заеднички и до крај
No comments:
Post a Comment