Search This Blog

Wednesday, May 22, 2024

Триптих

 Кошмар 


❤️ Абдулах Сидран е босанскохерцеговски писател, новинар и сценарист со бошњачко потекло. Најпознат е по сценаријата за филмовите на Кустурица, "Доли бел" и "Татко на службен пат".


Една ноќ, во 1985 година, Абдулах Сидран сонил песна на јазик којшто не го знаел, на македонски јазик. Кoга се разбудил ја знаел песната наизуст, иако не бил сигурен што точно значи, му помогнала пријателка од Македонија, Радмила Трифуновска, која му ја препеала.


(Песната потоа во друг контекст е употребена во босанскохерцеговскиот филм "Совршен круг" од 1997 година.)


А имало зошто ја сонувал на македонски. Песната е претскажувачка, предупредувачка, пророчка, визионерска. Со порака.


🔻 КОШМАР


Што си правиш, сине?


Сонувам, мајко. Сонувам, мајко, како пеам,

а ти, на сон, ме прашуваш: што си чиниш, синко?


За што во сонот пееш, сине?


Пеам, мајко, дека куќа сум имал,

а сега куќа немам. За тоа пеам, мајко.


Како, мајко, сум имал глас, и јазик свој сум имал,

а сега ни глас ни јазик немам.


Со гласот, кој го немам, на јазикот, што го немам,

за куќата, која ја немам, за тоа пеам песна, мајко.


🔻 MORA


Šta to radiš, sine?


Sanjam, majko. Sanjam, majko, kako pjevam,

a ti me pitaš, u mome snu: šta to činiš, sinko?


O čemu, u snu, pjevaš, sine?


Pjevam, majko, kako sam imao kuću,

a sad nemam kuće. O tome pjevam, majko.


Kako sam, majko, imao glas, i jezik svoj imao,

a sad ni glasa ni jezika nemam.


Glasom, koga nemam, u jeziku, koga nemam,

o kući, koju nemam, ja pjevam pjesmu majko.


💔 Во вечниот сон можеби ќе ги разбираме сите јазици и сите причини за случувањата.


Светол пат Абдулах Сидран (Сараево, 2 октомври 1944 - 23 март 2024). R.I.P.

Кошмар




Агонија 


-Ако сине допеј си песната.На јаве ,а не на сон,

после неа ќе завладее молк.

Молкот ќе заврши чужда песна кога ќе се чуе 

Од странци што испеана ќе е 

Настапува нивното време

И додека тие пеат и опејуват 

ние во нивното безгласни ќе сме.


                    Воскресение


Ќе се возгордеат и тие 

како некогаш ние.

Ќе паднат во вина 

и тие во очите на судот казна ќе примат за делата свои.И нивната крајот си го има 


А дотогаш безгласните ние 

Со глас трепелив ,тивок кој до небо ќе се чуе.

Подавајќи му Славата на Бога 

Благодарејќи Му за праведливоста 

Своја песна силно ќе запееме

на јазикот за кој што молчевме 

Во домот што од пепелишта 

ќе издигнеме ..

 -----------

П.С.

Според мотивот на песната Кошмар од Абдула Сидран ...Слава му и фала му

No comments:

Post a Comment