Search This Blog

Wednesday, May 22, 2024

Триптих

 Кошмар 


❤️ Абдулах Сидран е босанскохерцеговски писател, новинар и сценарист со бошњачко потекло. Најпознат е по сценаријата за филмовите на Кустурица, "Доли бел" и "Татко на службен пат".


Една ноќ, во 1985 година, Абдулах Сидран сонил песна на јазик којшто не го знаел, на македонски јазик. Кoга се разбудил ја знаел песната наизуст, иако не бил сигурен што точно значи, му помогнала пријателка од Македонија, Радмила Трифуновска, која му ја препеала.


(Песната потоа во друг контекст е употребена во босанскохерцеговскиот филм "Совршен круг" од 1997 година.)


А имало зошто ја сонувал на македонски. Песната е претскажувачка, предупредувачка, пророчка, визионерска. Со порака.


🔻 КОШМАР


Што си правиш, сине?


Сонувам, мајко. Сонувам, мајко, како пеам,

а ти, на сон, ме прашуваш: што си чиниш, синко?


За што во сонот пееш, сине?


Пеам, мајко, дека куќа сум имал,

а сега куќа немам. За тоа пеам, мајко.


Како, мајко, сум имал глас, и јазик свој сум имал,

а сега ни глас ни јазик немам.


Со гласот, кој го немам, на јазикот, што го немам,

за куќата, која ја немам, за тоа пеам песна, мајко.


🔻 MORA


Šta to radiš, sine?


Sanjam, majko. Sanjam, majko, kako pjevam,

a ti me pitaš, u mome snu: šta to činiš, sinko?


O čemu, u snu, pjevaš, sine?


Pjevam, majko, kako sam imao kuću,

a sad nemam kuće. O tome pjevam, majko.


Kako sam, majko, imao glas, i jezik svoj imao,

a sad ni glasa ni jezika nemam.


Glasom, koga nemam, u jeziku, koga nemam,

o kući, koju nemam, ja pjevam pjesmu majko.


💔 Во вечниот сон можеби ќе ги разбираме сите јазици и сите причини за случувањата.


Светол пат Абдулах Сидран (Сараево, 2 октомври 1944 - 23 март 2024). R.I.P.

Кошмар




Агонија 


-Ако сине допеј си песната.На јаве ,а не на сон,

после неа ќе завладее молк.

Молкот ќе заврши чужда песна кога ќе се чуе 

Од странци што испеана ќе е 

Настапува нивното време

И додека тие пеат и опејуват 

ние во нивното безгласни ќе сме.


                    Воскресение


Ќе се возгордеат и тие 

како некогаш ние.

Ќе паднат во вина 

и тие во очите на судот казна ќе примат за делата свои.И нивната крајот си го има 


А дотогаш безгласните ние 

Со глас трепелив ,тивок кој до небо ќе се чуе.

Подавајќи му Славата на Бога 

Благодарејќи Му за праведливоста 

Своја песна силно ќе запееме

на јазикот за кој што молчевме 

Во домот што од пепелишта 

ќе издигнеме ..

 -----------

П.С.

Според мотивот на песната Кошмар од Абдула Сидран ...Слава му и фала му

Monday, May 13, 2024

Црно без најмалку бело. Црно и тоа за џабе

 Од рубриката 


Црно без најмалку бело.

Црно и тоа за џабе


Кога ќе и се прости на жена што те повредила изневерувајќи те ,

таа повеќе нема да те почитува на истиот начин.

Кога повторно ќе ја прифатиш жената што ти згрешила ,дел од нејзе засекогаш ќе ја чуствува твојата слабост.

Иако молејќи за прошка иако плачејќи таквите жени никогаш не ќе сакаат мажи кои што им проштеваат .

Не само што ич нема да ги сакаат и што сакањето се сведува на глума,туку ќе ценат подруги мажишта .

Мажишта со ставови.

Такви што ќе речат дека си ја имале шансата и што ќе додадат дека им било чест и задоволство.

Што за крај ќе им посакаат се најдобро .

И такви кои што ќе се придржуваат на изреченото.


Изгубиш нешто што никогаш  ниту си го имал.

И ќе се прашуваш зошто толку боли .

Тоа е иронија.

Не ти припаѓало ништо повеќе од илузиите што си ги имал и со кои си изѕидал дворец од сопствените желби и умисли.

Чуството дека некој оттргнат дел од тебе повредува затоа и што не постои друг виновник што треба да го најдеш заради оправдание на сопствените постапки.

Уплав имаш да си признаеш дека ти сам пред себе си виновникот бидејќи си дозволил под кожа да ти се вовлече нешто што не било твое и пред да ти се доближи,нешто што не е од твојот свет.

И добро ќе е да се вразумиш ,да согледаш дека проближувањето кон тоа нешто започнало со насмевка ,со цигара, споделена шега .

Патот наѕад е во мртовечки сандак .

Не дозволувај си го.Поголем си од се и надминувај како што е редот.

За матните и темни води што течат низ животот,развивај си сопственото бело едро 

И низ нив запловувај весело и ведро.