https://forums.vmacedonia.com/1675-post1.html
ЕДЕН ОД МИТОВИТЕ ЗА БАЛКАНОТ Е И МИТОТ ЗА ДОАЃАЊЕТО НА СЛОВЕНИТЕ.
ДАЛИ ИМАЛО ПРЕСЕЛБА НА СЛОВЕНИТЕ,
АКО ИМАЛО КОЈ Е НИВНИОТ ВОДАЧ,
КОИ СЕ ТИЕ, ДАЛИ ИМА ЈАСНИ И АВТЕНТИЧНИ ИЗВОРИ ЗА НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ,
ДАЛИ ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ДОЈДЕНИ ОД ЗАД КАРПАТИТЕ ?
Сите народи на Балканот се спремаат за влез во Европа. Кога зборуваме за идентитетот, во Европа прво си Шпанец, Германец, Французин, Македонец и др., па после си Европеец. Нашиот идентитет е поврзан со името Македонија и земјата Македонија. Еден од “ Клучните аргументи “ со кои се негира македонскиот народ е тоа дека е дојденец, а другите народи се автохтони и нема право на името Македонија и Македонец. Односно не нарекуваат славо - македонци, словени, скопјани и др. Да го разгледаме проблемот и од тој аспект. Еден од митовите на Балканот е и митот за доаѓањето на Словените. Дали имало преселба на Словените, ако имало кој е нивниот водач, кои се тие, дали има јасни автентични извори за нивното постоење, каде, како и кога тие се спомнати во пишаните извори. Дали денешните македонци се дојдени од зад Карпатите?
Македонија е самостојна држава од 1991 год. Се осамостоивме, територијално, економски но дали се осамостоивме културно во сите области? Македонската историска наука досега произведе: еден сеопфатен труд за историјата на Македонскиот народ-издание во три тома на иститутот за национална историја издадено во бивша Југославија, пред 35 години во 1969 год. Трите книги со 1000 страни кои опфаќаат период од 12500 год. Распределбата на страните по периоди е апсурдна и вчудоневидувачка: за 30 години од 20 век посветени се 330 страни, други 330 страни се посветени за 120 год. од македонското минато, а за 12050 години се посветени останатите 330 страни, а за апсурдот да биде уште поголем, темелот на Македонската историја, зората на цивилизацијата е напишана од автор поканет како надворешен соработник од Белград ( Станува збор за првите 9300 години !? ). Во образовниот систем во основните, средните школи, кадрите по историја и археологија наставните програми се базираат врз овој труд напишан за време на бивша Југославија. Од друга страна пак издадени се многу научни трудови и сознанија за македонската историја, писменост и култура и факт е дека овие сознанија сеуште не се внесени во нашиот образовен систем и не се обработени од институтот за националната историја.
.Покрај овој труд ,во последниве години издаден е и нов труд кој од првиот многу малку се разликува .Во делот за потеклото на Македонскиот народ еволуира и се застанува на стојалиштето дека ,денесните македонци се мешавина на македонците и словените со словенски јазик и култура.Но дали е тоа доволно ,дали е тоа вистината и дали историогравската наука доволно се ангажира за утврдување на историските факти и аргументи.На кабловската телевизија ,ја гледам ТВ Црна Гора.Од самиот момент на осамостпјување,црногорската историографија се даде во офанзива во одбрана на национален идентитет на Црногорците со голем број телевизиски емисии и публикации со теми ,за разликата помегу Дукља и Рашка.
Има многу трудови како на светски автори (и тоа од различни периоди) така и домашни(посебно последниве 17 години) кои изнесуваат бројни историски факти и докази, битни за македонскиот идентитет, но МАНУ и Инстутот за национална историја: “реагираат со брзина и вештина како биол на горештина”
Поаѓајќи од ова состојба не е ни чудно што некои наши соседи го користат, за нивната националистичка пропаганда, нашиот индифирентен однос кон сопствената историја. Од ова произлегува дека треба да се заврши и заокружи процесот на осамостување на македонската држава и народ со конечно културно осамостојување во доменот на историографската наука како важен сегмент за нашето македонско битисување и произведување на еден нов труд од институтот за национална историја од комплетно македонски автори, пропратен со комплетна ревизија на автентичноста на сите досегашни користени Југословенски, Бугарски и Грчки трудови со оригинални извори. Треба да се направат напори да се отворат архивите на Ватикан.(Бидејќи Рим последен однесе во своите архиви многу македонски тајни), да се отворат архивите на Отоманската империја за Македонија, а посебно во Александрија.
Во делот за големите преселби на словените ,ги разгледав ,званичните историогравски трудови на Р.Грција ,Р.Бугарија ,Р.Србија и не се разликуваат.
Интересен е ставот на Руската и Украинската историографија и во нивните трудови пишува дека: “Словените дошле од зад Карпатите”??? (Од кај нив, зад карпатите е Балканот ???)Треба да се напомене дека хрватската историографија ,по осамостојувањето го потенцира илирското наследство и илирското движење во 19 век.
Да видиме што пишуваат домашните и светските автори за нашава тема.За оваа тема јас ке почнам со анализа на трудовите од Макеоднско –Југословенската историогравска наука ,кои се уште се во оптек ,пошто со нив скоро се идентични, Српските ,Грчките и Бугарските трудови ,пошто од нив е препишувана.
Да почнеме прво од цитираните и користени документи во нашата званична историографија (Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава - том први издаден 1981 год. Универзитет “ Кирил и Методиј”) кој званично ја застапуваат – теоријата за населувањето на Словените на Балканот, а во самите од нив цитирани документи им се провлекуваат документи кои кажуваат нешто што е во нелогичност со прифатената теорија за наследувањето на Словените во 6 и 7 век по нашата ера. Во поглавје 44 страна 80 цитиран е документ од делото “ За темите од Константин Порфирогенит” кој во шестата тема Пелопонез пишува : ..... подоцна пак, окако македонците биле победени од римјаните, сета Елада и Пелопонез паднала под јарем на римјаните, 168 год. пред н.е. така што од слободни станале робови. Целата земја се ПОСЛОВЕНИЛА и станала варварска ....... Во објаснувањето под број 388 и 389 се кажува дека се работи за 168 год. пред н. е. и дека глаголот -------------- значи се пословенила.Се поставува прашањето кои се тие Словени во втори век пред нашата ера.
Понатаму читајќи ја “ Историјата на македонскиот народ “ во издание на институтот за националан историја глава 1, пасус 1 и 2 под наслов “ населувањето на Словените на Балканскиот Полуостров “ ќе забележите дека коментарите за “ сигурните извори “ почнуваат и изобилуваат со фразите: постојат претпоставки, се претпоставува, не е сигурно и конечно објаснето, најверојатно, изгледа, може да се претпостави. Пример ќе ви цитирам некои пасуси во кои се содржани горенаведените фрази: - “првите сигурни вести пак за Словените ги донесуваат римските автори Гај Плиниј, потоа Тацит и Птоломеј, но ни овие автори не зборуваат за Словените под нивното име, туку под името венети и венди,( тогаш од каде констатацијата дека се работи за Словени ???) се претпоставува дека тој назив има келтско потекло....
- “Името Словени првпат се јавува кај некој непознат византиски автор од почетокот на 5-ти век како “Склавини”(овдека е нелогично што не се прави никаква споредба со македонските племенски заедници наречени “Склавинии” во кои живеел македонскиот народ по 168 год. п. н. е., односно по паѓањето на Македонската држава под римска власт.)
- “Какво е значењето на ова словенско име уште не е сигурно и конечно објаснето”
- “Прататковината на Словените НАЈВЕРОЈАТНО била помеѓу реките Висла, Днепар, Десна, Западна дивина и Карпатите”
- “Од својата пратаковина словенските племиња се ширелево сите правци, ИАКО ИСТОРИСКИТЕ ИЗВОРИ ОД 2 ПА СЕ ДО 4 ВЕК НЕ ДОНЕСУВААТ ЗА ТОА НИКАКВИ ВЕСТИ “ !!!!( тогаш од каде ваква констатација ???)
- “По ова време, во визатинските извори не се споменува ни една македонска склавинија. Секако може да се претпостави дека македонските склавинии престанале да постојат 9 века по н. е. ...... историја на м.н. страна 95.Склавинте – словените – пишува Теофилакт не знаеле за христовото име, му служеле на скитското безумие, како на СОНЦЕТО “така и на месечината и на другите ѕвезди, а некои пак им пренесувале жртви и на кучињата.” Глава 3 страна 97. ( Зошто не е направена споредба со Македонските склавинии по 168 год. пред н. е. кои биле многубошци, го имале култот на сонцето и борбата меѓу нив и Византија за покрстување завршила во 9 век по н.е.)
Интересен е записот на Црноризец Храбар “О писменех” во кој тој ги опишува словените (Склавините) и кажува дека тие пишуваат со цртици и рецки, но не кажува кога тие пишуваат со цртички и рецки Историја на м.н. страна 98(и Васил Иљов во својот труд истакнува дека цртичките и рецките се писмо на Венетите и Андите а д.р. Ташко Белчев пишува дека тоа е писмото пред Филип и Александар во Македонија. Филип покасно го создава јазикот кои не како експеранто јазик составен од повеќе јазици ендопски – македонски, семитски, грчки, персиски и други зборови. овој јазик грешно е наречен старогрчки.)
Врз основа на “овие сигурни извори и факти”, направена е сторија (приказната за доаѓањето на Словените) – сето ова горе наведено читателот може да го провери ако ги земе и прочита споменатите трудови.
Други извори од кои знаеме за доаѓањето на Словените се Руски, Бугарски, Спрски и Грчки.
Ако анализираме дека оргиналите на документите нашата наука многу ретко ги има видено, односно во својата работа се служи со цитирање претежно на Бугарски, Грчки,Српски и Руски трудови.
И ако се земе предвид примерот, како Бугарската наука ги интерпретира оргиналните документи – пример на Кресменското востание, онаму каде што македонските востаници пишуваат во својот устав за македонски борци, бугарите го преправаат во бугарски борци.Ако се земе предвид дека Русија цело време претендира да биде центар на сите народи кои го зборуваат Пелазгискиот – виндскиот, односно таканаречениот словенски јазик. И ако се земе предвид дека Грците претендираат да бидат “ Центар на Европската писменост и цивилизација “.Тогаш е јасно колку сите овие извори биле непристрасни во толкувањето на оригиналните документи, а колку имаат своја интерпретација.
Во Македонскиот случај може да се додаде и поговорката дека “ Победниците ја пишуваат историјата”.
Денес во Македонија многу автори како: др.Ристо Иваноски, др.Ташко Белчев, Васил Иљов, др.Душко Алексоски, Проф. Божидар Кирјанов, Вангел Божиноски, Симон Пандески и др. тврдат и приложуваат научни докази дека теоријата за масовното населување на Словените на Балканот е историски фалсификат, теорија без валидни археолошки и пишани документи.Производ е на пет германски филозофи –односно Австриско-Виенската школа,со цел да се направи пресек и дистанца на сите народи на Балканот и пошироко - народите кој зборуваат сличен јазик, со старата култура. Тоа било припрема за експанзија за германската династија(отон први –крал на Грција,Фердинанд за крал на Бугарија.Катерина Царица на Русија и тн.Тогаш е правен костурот ан светската историја и “јадицата е лапната”Многу држави ја базираа нивната историогравска наука врз оваа теорија и ја вткале во својот национален идентитет(Југословенската,Бугарската и др) а некои иако нивните историографски науки имаата увидено дека е фалсификат (Руската-многу руски научници мегу кои поистакнат е Грињевич, укаживаат дела е фалсификат) имаат интерес да ја пласираат таква, со цел ,доминација на сите сто го зборуваат таканаречениот словенски Јазик. ( види: трудови на Грњевич,др.Ташко Белчев, др.Ристо Иваноски и Симе Пандоски, проф. Божидар Кирјаноски и др.)
Тие нагласуваат дека, такво огромно движење на населението не е можно без водач, немаме историски податоци за водач. Токму во периодот кога е наведена преселбата на Словените 6 и 7 век по н.е. македонските градови доживуваат процут во својата култура и развој, што е нелогично. Таквите преселби и војни се проследени со разурнувања. А уште посомнително е што Словените се претставуваат како неписмен и прост народ, па по населувањето и заземањето на Македонија и Балканот наеднаш се вдахнуваат со култура, вајарство, сликарство, виртуозно градежништво и станалесветска интелегенција, па градовите и Македонија процутеле, а од друга старана пак нема никакви информации каде пошло домородното население ???
Нивна констатација е дека поимот “ Словени “ е изведен од поимот
“ Склавинии” кои биле племенски заедници во кои живееле македонскиот народ по пропаѓањето на македонската држава 168 год. пред н.е. Голем дел од македонците кои живееле надвор од градовите, организирани во склавинии останале многубошци и цело време се во борба со Римската подоцна со Византиската власт се до 9-ти век кога завршува и нивното покрстување и тие повеќе не се спомнуваат во историските извори.
Промената на имињата на градовите и реките не е настанато поради таканареченото идење на Словените. Промената е настаната како резултат на ширењето на христијанството, се воделе големи борби за религиско влијание, сите топоними кои потекнувале од периодот на полиетизмот биле менувани, еригон- старомакедонски бог како и аксиос во Црна река и Вардар, Пеле ( бела, пелазги – белнарод ) во По - стол ( кое има значење – столицита на Филип) некои топоними останале, но и тие имаат старомакедонски етимолошки корен пример.
Пелагонија пела – бела, пелазги – бел народ. Село Ракле прилепско кое произлегува од антички јунак – раклес јак човек ,Хе-ракл-ис, Хе– ракле – а во Битола и др. Исто така се менуваат и личните имања во христијански, тоа е процес кој траел скоро 1000 години. Покасно со ширењето на муслиманската религија македонските муслимани ги променија своите имиња, но пак останаа македонци.
Неспорно е дека Македонија во владеењето на Рим и Визант цело време е изложена на напади, освојувачки и плачкашки походи на разни племиња на Хуните, Аварите, Бугарите и др., но со тоа битно не се изменил етничкиот состав на населението кое си ги задржало традициите, културата и јазикот. За овој факт говори во својот труд проф. Божидар Кирјанов кој ги споредува границите на македонските племиња нацртани на карта од римски геограв, после пропаста на македонското царство 168 год. п.н.е. и картата на границите на дијалектите на македонското население направена од др. Видески во 1945 год., за да му послужи на Блаже Конески да го формира македоскиот литературен јазик. Границите на тие две карти геометриски се поклопуваат што значи дека народот и неговиот јазик се во континуитет од антиката па до денеска.
Интересен е трудот на др.Ристо Иваноски кој има докторирано во Виена – Аустрија и кој ги проучува преселбите на народите од аспект на крвните групи и анализата на археолошките наоди и трагите од домашните животни кои никогаш сами не патуваат, па ниту луѓето се селат без домашни животни. Тој пишува дека траги од задкарпатски домашни животни нема во Македонија и Балканот, додека траги од домашни животни од Балканот и Македонија ( вепарот, кравата буша и др. ) зад Карпатите има и тоа во последните 3000год. што значи дека селењето на народите никогаш не се случило од север ( зад карпатите ) кон југ, но дека имало преселби од југ Македонија и Средоземјето кон север.
Во својата книга “ Средоземјето прадомовина на Европјаните “ на страна 279 Ристо Иваноски пишува: На Балканот живееле Македонците, кои ја основале Византија. Токму во тоа Македонско царство се јавува проблемот со Словените. Не оти таков народ постоел туку така биле наречени темите – области – склавинии, во кои постоеле племенски заедници на чие чело биле поставувани воени команданти стратези, задолжени за воената и цивиланата власт надвор од градовите.
Народот и натаму си го користел пелазгискиот – македонски народен јазик, а власта јазикот коине.
Народот тие единици ги нарекувал со својот говорем јазик “склавинии “ што произлегло од клавани, поставувани намесници. Ристо го цитира Острогорски “ Византискиот Балкан се распандал во редица “ Склавинии”. Така тогаш ги викале самите византици областите во кои византиската централна власт фактички не функционирала”. Константин 2 века во 656 год. тргнал против Словените на Балканот, Теофан вели дека тој тргнал против Склавиниите каде што многу заробил и покорил. Од наводот на авторот се гледа дека никаде немало словенски простори за да постојат Словени и не се наведува терминот Словени, туку само Склавини.
Др. Ташко Белчев во своите повеќе томови изданија за Македонскиот народ и култура пишува, дека сегашниот Македонски народ и јазик не е дојден односно донесен од зад Карпатите. Тој е тука присутен физички и културно илјадници години пред н. е., од неолитот. Тоа го поткрепуваат со археолошки, културни, архитектонски и др. наоди.
Илијада од Хомер содржи повеќе од 2000 зборови чиј корен е задржан со исто значење до ден денес во Македонскиот јазик. Јазикот кој денеска го зборуваме е стариот Пелазгиски јазик кој постоел уште пред доаѓањето на семитите – грците од Палестина на Блаканскиот Полуостров. Целокупната култура си постоела. Во неолитот ја Обожавале Големата Мајка, а подоцна станале многубошци и имале многу богови како АСКЛЕПИ – богот исцелител ( некој да те склепа да те направи, поправи) Аф-роди–та (божица на раѓањето плодноста и убавината)Зевс и др. Имињата на сите богови, како и топонимите на реките, езерата од тогашно време имаат ( кишава – киша дожд, загора – гора, Пела - бела и др.) пелазгиско – македонско етимолошки корен.
Јазикот кој го создале Филип и Александар, како што кажавме погоре е експеранто јазик во кој има околу 60% пелазгиско – македонски зборови.
Кирил и Методиј го реформираат, го прочистуваат јазикот коине од странските семитски, персиски и други зборови истото го прават и со писмото кое го доближуваат до старото линаерно писмо.( Во Македонија има надгробни плочи , плочи со натписи стари 3000 год. на пелазгиски – старомакедонски јазик кои тогашната Југословенска наука со кој беше и сеуште е македонската наука не сакаше да ги проучува, затоа што не се совпаѓаа со теоријата за идењето на Словените на Балканот, пример на еден од натписите на кој пишува и кој се чита од напред кон назад гласи: “ мц об ц лц “ се чита сл с бо см односно, само со бог сум “ )
Друг интересен автор е Симе Пандески од Битола., Во Торонто, Канада живел скоро три децении. Активен интелектуалец во македонската дијаспора, кој пребарувајќи
No comments:
Post a Comment