Во 1870 година, Македонците имале исклучително негативно ограничен избор: Да останат под духовно ропство на Грчката патријаршија, или да преминат под новосоздадената Бугарска егзархија. Друг избор Македонците немале во ситуација кога македонската Охридска Архиепископија била неканонски затворена под притисок на Грчката црква, со изговор дека не ги подмирила своите долгови..
Преку плебисцит (референдум), македонскиот народ со големо мнозинство ја избрал Егзархијата, со надежи и барања таа да биде чисто црковна установа, а не пропагандна и наци-шовинистичка машинерија.
Тука, прикажуваме занимлив цитат од цариградскиот печат од 1870г., каде што авторот - Македонец, истакнува дека иако го прифатиле црковното заедништво, Македонците и Бугарите се два посебни и одделни народи и тоj факт ќе мора да се почитува.
Македонецот јасно застанува против Грчката црква, но не сака и идната бугарска да води иста или слична таква деспотска асимилаторска политика. Тој вели:
- „Таа висока милост да не биде само исклучиво за Бугарите, туку им ветија и на Македонците, преку 10-от член, дека ако се изјаснат сите или две третини по својата волја, ќе добијат соединување со Бугарската црква. Но пред да се соединиме, сметаме, и наша должност е да ги прашаме и тие да ни кажат како ќе нè пастируваат: Дали според евангелската заповед или како што досега нè пастируваа грчките владици - тирански и деспотски? Зашто како што сега промирисува, тоа уште отсега (Бугарите) се наклонуваат кон истиот тој пуст деспотизам. Но, за тоа не е срамота да ни кажат отворено како ќе биде, барем да не си ја чукаме главата напразно, за на крај да имаме уште поголеми главоболки - макед/ онски прашања.“
Но, овие надежи биле заблуда. Бугарската егзархија ја прифатила пропагандно-асимилаторската политика на Патријаршијата, па по само три години меѓу Македонците се појавиле движењата за возобновување на македонската национална црква.
ИЗВОР: В. „Македонија“ (Маkедонiя), Цариград, 23 јуни 1870, стр. 1 - 2.
------
Some Bulgarians and Greeks claim that the Macedonian nation was "created" or "invented" in 1945! Here we present historical accounts showing Macedonian national consciousness while concurrently proving the Greek-Bulgarian claims against Macedonians to be fantastic, chauvinistic lies.
----------/
