Search This Blog

Thursday, June 13, 2024

Потстанар

 Живееше блиску до мене.

Се познававме со години,површно .Еден ден дојде за да ме измами ,да го скрши мојот влез  и се насели во мојата мисла повредувајќи ме.

Болка која боли како и физичката,таа од најголемите нанесувана преку лаги.

Манипулатор што својот свет го претставува идилично а тебе ти плете мрежа од сплетки обновувајќи ја секојдневно со некоја нова и нова и нова .



Заврши ли омразата , започнува презирот.

Потстанарот вооружен со презир ќе ви наштети. Или во односите или во друштво или физички .

Не занемарувајте го презирот 

Заради вашите чувства кон вашиот  потстанар   и отстранете го од себе.