Search This Blog

Sunday, April 22, 2018

Македонците се Планинци ,можеби поради


Германско-македонски речник



http://makedonisch.info/word/Inl%C3%A4nder

Thursday, April 19, 2018

Да се забрани употребата на името Македонија

рофот Ламсдорф се договорил со Австро-Унгарија да не се употребува терминот Македонија, кој асоцирал на политичка единица, туку наместо Македонија да се употребува терминот „трите турски вилаети“

Руската дипломатија барала да не се дозволи да се употребува името Македонија, туку името „трите вилаети“ - Солунски, Битолски и Скопски. „Грофот Ламздорф, на 7 февруари 1903 година, му испратил тајна телеграма на кнезот Урусов во Париз со која му наложил да го запознае министерот за надворешни работи на Франција Делкасе, дека со Голуховски (министер за надворешни работи на Австро-Унгарија) се спогодиле, веќе, да не се употребува терминот Македонија, кој асоцирал на политичка единица, туку наместо Македонија да се употребува терминот „трите турски вилаети“, а наместо терминот Македонци да се употребува терминот „христијанско население на трите турски вилаети“, бидејќи Македонците, според Ламздорф, не суштествувале како одделна националност“, објаснува Поповски, повикувајќи се на руските архиви. Под притсок на руската дипломатија султанот, наоѓајки и сопствени интереси издал заповед со која категорично им се забранувало во претставките и соопштенијата поврзани со работата на царските вилаети на Румелија (во која спаѓала и Македонија) да се употребува името Македонија.

ЗАД ПОДЕЛБАТА НА МАКЕДОНИЈА СТОЕЛА ЦАРСКА РУСИЈА

Руската дипломатија ја предопредели судбината на Македонија, вели д-р Владо Поповски

Пишува: Виктор Цветаноски

Наспроти македонските стремежи за создавање на сопствена држава, Царска Русија планирала и настојувала Македонија и нејзиниот народ да ги подели или да ги приклучи кон една балканска држава. Тие настојувања се јавиле уште од крајот на 18 век и траеле се' до поделбата меѓу Србија, Бугарија и Грција. Таа никогаш не ги земала предвид ниту македонските интереси, ниту стремежите на македонските субјекти. Напротив, нејзе и бил трн во око македонското револуционерно движење. Таквиот нејзин однос кон македонското прашање остави најдлабоки траги предопределувајќи ја судбината на Македонија и на македонскиот народ. Ова се сознанијата до кои може да се дојде врз основа на најновите докуменити од руските архиви.

„Русија, во својата балканска политика, најпрво, Македонија ја вклопуваше во нејзиниот проект за Голема Грција, потоа, до 1870 година, во проектот на Голема Србија – од Дунав до Места – а по 1870 година во Голема (Санстефанска) Бугарија. На крајот, разочарана од неблагодарноста на владите на тие државички и соочена со противењето од другите европски сили; соочена со нереалноста на тие проекти, Русија зазема радикално подруг курс – курс кон делење на Македонија во корист на балканските држави (на Србија, Бугарија и Грција) под контрола на својата политика и во склад со своите државни интереси“, вели д-р Владо Поповски кој ги проучува документите од тоа време.

Според него, Царска Русија до појавата на Македонската револуционерна организација презела неколку драматични и крути чекори со кои оневозможила било какви изгледи за успех на македонскиот фактор за негово црковно, политичко и државно обособување. Таа решително го притиснала султанот да не дозволи каква и да е процедура и перспектива на Македонците за црковна еманципација од Патријаршијата и од Егзархијата, за обнова на Охридската архиепископијата, или за Унија со Ватикан во настаните од 1872-1874 година. Под притисок на самиот император, руската окупациска војска во Бугарија подготвил војничко задушување на Кресненското востание, а во 1886 година започнала да го разработува планот за постигнување сојуз на балканските држави во чија основа стоела делбата на Македонија. Од тогаш па натаму, Русија воспоставила контрола над политичките процеси на Балканот и специјално над тие во Македонија.

“Посебно, по појавата на Македонската револуционерна организација Русија стана мошне сензибилна кон македонските настани знаејќи, без пардон, да го спречи несаканиот развој на ситуацијата во Македонија или, во интерес на својата политика, да внесе нови моменти во таа ситуација кои, спонтано, воопшто не би се развиле“, подвлекува д-р Поповски. 

Нејзиниот курс за делба на Македонија таа настојувала да го обезбеди од непредвидени и несакани настани и процеси, а таков, не толку непредвиден, колку несакан процес, бил развојот на македонското ослободително движење во ликот на Македонската револуционерна Организација (ТМОРО, ВМОРО, ВМРО).

„Македонската револуционерна организација која се афирмира како општ и суверен представник на македонското население за создавање посебна македонска држава, со самото тоа, за рускиот фактор стана опасен противник и омразен субјект. Од тука па натаму руската официјална политика ќе постане мошне груба во односот кон македонскиот фактор, а овој ќе ги доживее своите најдраматични моменти и периоди, масовно пожртвувајќи се и, конечно, губејќи ја битката за своите цели и за интересите на Македонија и нејзиниот народ“, додава Поповски кој подолг период копа по руските архиви од тој период..

Првиот судир меѓу македонскиот и рускиот фактор по Берлинскиот договор се случил во 1896 година по акциите во Македонија што ги направиле врховистите (Македонскиот врховен комитет) и по аферите кои покажале дека целата провинција е покриена со мрежа на тајни комитети, кои го подготвуваат населението за востание и за добивање политичка автономија на Македонија. При такви околности, таа побрзала да ги усогласи работите во својата дипломатија строго дисциплинирајќи ја во врска со својата политика кон Балканот и кон Македонија. Како реакција на акциите на македонските комитети, министерот за надворешни работи, грофот Муравјов, им издал наредба на своите дипломатски претставници во Бугарија и во Србија, да престанат со каква и да е соработка со тие комитети и својата работа да ја насочат единствено со турската влада и со владите на балканските земји. Истовремено во 1897 година, Русија склучила тајна спогодба со Австро-Унгарија со која се договориле на Балканот да се создаде уште само албанска држава а другите делови, меѓу кои и Македонија, да бидат поделени на балканските држави. Во остварување на таквата политика најголема пречка и била внатрешната македонска организација. 

„По повод на предпоставеното можно востание во Македонија, министерот за надворешни работи на Русија грофот Муравјов многу јасно и тврдо ја дефинирал руската намера кон македонските револуционери и кон нивната внатрешна организација. Тој во доверливо писмо до рускиот дипломатски представник во Софија Бахметев од 3 декември 1898 ќе напише: „...Доколку, сепак – на македонските водечки дејци им успее да кренат востание во Македонија – тогаш од страна на Русија тоа движење нека не се надева ниту на сочувство ниту на помош. Напротив – Императорската влада ќе биде присилена да им предостави полна слобода на репресивните дејствија на турските власти во правец на поништување во самиот зародиш на револуционерните замисли на Македонците, и во примерното казнување на главните основоположници на востанието“, објаснува д-р Поповски, цитирајќи ги документите.
Истовремено Русија настојувала да востанови легална база за српските интереси и претензии во Македонија вршејќи притисок врз Султанот да постави српски митрополит во Скопје. Рускиот претставник во Белград Чариков, тогаш ќе изјави дека со именувањето на српски митрополит во Скопје веќе се создадени Срби во Македонија, и ќе констатира и еден парадокс, а имено дека во Стара Србија (се мисли на Македонија) немало ниту еден Србин, туку дека имало само Бугари и Грци затоа што султанот таму не поставил српски митрополит, туку поставил само бугарски и грчки митрополити. 

“Сознавајки, дека работите се движат кон блиско и (по)општо востание во Македонија, планирано за пролетта 1903 година и, констатирајќи дека силата и настојчивоста на ВМРО ги надминала сите очекувања, Русија многу сериозно се свртела кон дефинирање на дипломатскиот ангажман и на мерките потребни за заштита на рускиот план за решавање на балканското и македонското прашање. Преку министерот за надворешни работи, грофот Ламздорф, и највисоките по ранг во цивилната листа Капнист, Зиновјев и Нелидов, специјалисти за балканското прашање, и со дипломатските претставници во Белград и Софија, Чариков и Бахметев, Русија ја поставила платформата и шемата за постапување на својата дипломатија по македонското прашање. Во тој правец, грофот Ламздорф, на 28 октомври 1902 година се обратил, до грофот Капнист, амбасадор во Виена, со став дека Русија е подготвена ’врз база на начелата на договорот од 1897 година да размени мислења за натамошните чекори во врска со македонските работи’. Врз база на тие начела (да се создаде уште само Албанија од Скадар до Јанина, а другите делови на Османската држава, вклучително и Македонија, да бидат поделени на околните балкански држави) грофот Капнист на 17/30 ноември 1902 година, испратил тајна депеша под бр. 71 за подобрување на работите во Македонија. Рускиот дипломатски претставник во Белград Чариков додал неколку појасненија и заедно ја промовирале платформата за односот на руската дипломатија кон македонското прашање на крајот на 1902 и во наредната 1903 година“, вели д-р Поповски.
Според Поповски, од документите можело да се вид дека Русија, задржувајќи го курсот од договорот со Австро-Унгарија од 1897 година за делба на Македонија во полза на тритебалкански држави, не покажала попустливост кон македонското ослободително движење и не се повела, ниту по веќе афирмираните македонски интереси и субјекти, ниту по мислењата и сугестиите на дел од своите дипломати од средното ниво кои не биле запознаени со ставовите на највисоките врвови, вклучително и со позицијата на императорот, а кои предлагале автономија за Македонија.

„И во виорот на Балканските војни, Русија се држеше доследно и непопустливо во однос на планот за поделба на Македонија и за неутрализирање на македонскиот фактор. Во таа смисла, високите врвови на руската политика отсечно се спротивставија на многуте алтернативни предлози и анализи на поголемиот дел од своите дипломати на теренот кои, заради одвраќање на војната или заради свое разбирање на македонското прашање, предлагале автономија на Македонија. На тие дипломати, меѓу кои и угледниот Извољски (кој во декември 1912 година предложил автономија на Македонија како алтернатива на дележот што се случувал на Лондонската амбасадорска конференција), самиот император им одбрусил со синтагмата: ’Недозволлива работа’, подвлекува Поповски.

Истовремено, тој посочува дека Царска Русија, одејќи бескомпромисно по зацртаниот правец, всушност, ги следела своите државни интереси. Таа со поделбата на Македонија на трите балкански држави, сметала дека, меѓу другото, конечно ќе се отстрани секоја можност за освојување на Балканот од страна на Австрија или на Италија. 

„Другите евроспки сили, барем до 1908-1909 год., поделбата на Македонија не ја земале како сериозна варијанта. Тоа посебно се однесува на Англија. Меѓутоа подоцна, кога европскиот воен судир станал извесен, таа идеја им станала близка. Во таа насока, се сметало дека трите балкански држави можат да приврзат 500 илјади војници на противничкиот блок што било респективен мотив да ја поддржат руската политика за создавање сојуз на балканските држави и да ги помогнат нејзините напори во усогласувањето на српско-бугарските позиции околу делбата на Македонија“, заклучува д-р Владо Поповски.
Руската дипломатија барала уништување на ВМРО

По усогласувањето на политиките на трите европски сили и на самата Турција во однос на Македонија и на Македонците, руската дипломатија го дефинирала својот став и кон Внатрешната македонска револуционерна
 организација. Во таа насока, на 1 јули 1903 година, при сознание за скорешно подигнување на македонско востание а по солунските и други атентати низ Македонија, влијателниот Капнист во своето писмо до Министерството за надворешни работи на Русија предложил драстични мерки подвлекувајќи дека излезот од маѓепсаниот круг околу Македонија и македонското прашање „се состои во конечно растројство и уништување, во трите вилаети, на Револуционерната организација.

Капнист истовремено во писмото пишува дека таквиот разгром на ВМРО, каков што предлагал, бил правен и дотогаш и проценил дека револуционерното движење ќе издржело уште 2 до 3 месеци, напоменувајќи притоа дека упорноста и силата на Револуционерната Организација ги надминале сите очекувања.

Руските архив покажуваат дека зад настојувањата на трите балкански држави за уништување на Македонската револуционерна организација стоела и самата Русија. По поразот на Илинденското востание па натаму, борбата против македонскиот фактор, (против ВМРО), било дело на здружен интерес и ангажман на балканските држави и на ангажманот и благословот на Русија. Има податок дека од 1904 година до 1907 година биле убиени 2.700 кадри на револуционерната организација.

Да се забрани употребата на името Македонија

Грофот Ламсдорф се договорил со Австро-Унгарија да не се употребува терминот Македонија, кој асоцирал на политичка единица, туку наместо Македонија да се употребува терминот „трите турски вилаети“

Руската дипломатија барала да не се дозволи да се употребува името Македонија, туку името „трите вилаети“ - Солунски, Битолски и Скопски. „Грофот Ламздорф, на 7 февруари 1903 година, му испратил тајна телеграма на кнезот Урусов во Париз со која му наложил да го запознае министерот за надворешни работи на Франција Делкасе, дека со Голуховски (министер за надворешни работи на Австро-Унгарија) се спогодиле, веќе, да не се употребува терминот Македонија, кој асоцирал на политичка единица, туку наместо Македонија да се употребува терминот „трите турски вилаети“, а наместо терминот Македонци да се употребува терминот „христијанско население на трите турски вилаети“, бидејќи Македонците, според Ламздорф, не суштествувале како одделна националност“, објаснува Поповски, повикувајќи се на руските архиви. Под притсок на руската дипломатија султанот, наоѓајки и сопствени интереси издал заповед со која категорично им се забранувало во претставките и соопштенијата поврзани со работата на царските вилаети на Румелија (во која спаѓала и Македонија) да се употребува името Македонија.


Извор:

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=44D30AA4A69844418DA79D7A913F7E36