Wednesday, November 15, 2017

Песна буџетарска новокомпонирана

Политичките Партии во нашиот Парламент
со карактер се на ергенски адолесцент
Која во Позиција , која во Опозиција
Власта, секогаш ја градат со Коалиција

Токму се ко прсти на раката
Разединети и слаби ,
истргнати, за немоќно пред сите да стојат
клапести,без нокти со испаднати заби
Но,штом опасноста од надвор ќе појави
прстите веднаш песница прават
и пред пред сите храбо ќе се исправи

Од никого и пред ништо не се плаши
Спремна е да уништува ,секави душмани и апаши

Ако пак народот, незадовелен
против народната Власт се дига
оти од владеењето на народната
Власт ,му е доста и му стига
Тогаш песницата започнува да мисли
како за понатаму?

И нова прераспределба на оствареното започнува тогаш
за да се задоволат и барањата на народниот народ.
Таа според принципот ја тера:
Крени палец, крени показалец
спушти палец , спушти показалец
и ...
должината на палецот одредува
висината на минималецот

А народот ко народ ако пак незадоволен врека
дека, му дадеш ли прст тој цела рака сака,
Народна Власт тогаш, за да не изпадне од тактот
На народниот народ му го дели
се до лактот