Search This Blog

Tuesday, October 18, 2016

Од черковнославјански до бугарски






Книгата на Иван Момчиловиќ  "Писменица на славјански-а јазик" е една од оние показатели во правец на тоа како земена како веќе постоечкиот черковнославјански јазик или писмото и јазикот на Православната Црква , која што е воспоставена од страна на руската Царштина ,преку притисок врз Султанатот на Отомаската Империја и е наречена Егзархија со  називот бугарска  се зема како основа за  создавање на бугарскиот јазик.

За што се работи?
За тоа дека една и иста книга во 1847 год. издадена како “Писменица на славјански јазик’’, се издава во годината 1868 уште еднаш но сега под називот “Граматика-та на новобугарскиот јазик’’.
Што ова говори?
Објаснува дека постои само и единствено промена во терминологијата на нештата.
Постоечкиот јазик е тој , писмото е писмото на Православната Црква кој  дотогаш го има називот черковнославјански , па со помош на ваквите политички алхемии се стигнува до називот бугарски јазик.
Книгата е преименувана од “славјански јазик’’ ,во “новобугарски јазик..’’.
Па што е тоа што е ново?
Нови се само називите .Тука не држат објаснувањата дека “Новобугарски е некаков бугарски кој е различен од старобугарскиот што го говори онаа популација што себеси ќе се нарече “Стари или Вистински Бугари’’, за да се разликуваат од Бугарите што настапуваат на политичката сцена со создавањето на државата Кнежевство по уредување, Бугарија по наречение.
Тие тн “Асол Бугари’’ и ќе бидат од страната на руската Царска Армада  раселени кон Бесарабија.
Значи тој т.н. новобугарски  во себе нема ништо ново.Тоа е истиот јазик кој се употребува во Црквата и дотогаш. Писмото е тоа кое се употребува во практика се дотогаш.
Новото е што се додал терминот бугарски .
Најнапред како “Новобугарски’’, за да подоцна премине во  бугарски ...
Самите себеси се разткриваат .

_________

Извор :Корица прва 
ИВАН МОМЧИЛОВИЋ, “Славјански Језик ’’, 1847 Србија
Корица втора 
Иван Момчилов  “Новобугарски език ’’, 1868 Кнежевство Бугарија
Кр.Биографија

Иван Момчиловиќ (буг.Иван Момчилов ) бил српски и бугарски просветител , учител , реформатор и автор на бројни учебници .
Роден во градчето Јелена, (буг.Елена ) во областа на Велико Трново .
На првата книга се потпишал како 
ИВАН МОМЧИЛОВИЋ, додека втората книга е потпишана со како Момчилов .

линк



No comments:

Post a Comment