Wednesday, January 7, 2015

За думата, за јазикот наш насушен

За думата, за јазикот

За думата, за јазикот наш насушен



Зборот може да се изгуби како град,како земја како душа.
А што е народот,ако го изгуби
јазикот земјата душата?
Не земајте ги туѓите зброви во
своја уста.
Земеш ли туѓ збор,знај дека не си
го освоил,
туку,себе си се отуѓил.


Подобро е,да го изгубиш
најголемиот и најобезбедениот
град во земјата,
отколку најмалиот и
најбезначајниот збор
-на својот јазик .
Земја и држава не се освојува
само со мечеви,
туку и со јазици.


Знај дека непријателот те освоил и покорил,
толку колку што зборови ти украл
и свои ти вметнал


Два народа мило мое,
можат да се тепаат и да се мират,
Два јазика,никогаш не можат да се
смират.
Два народа ,
можат да живеат во најдобар мир и
љубов,
но, нивните јазици можат,само да
војуваат.


Секогаш кога два јазика ќе се сретнат и измешаат
,тие се како две војски во борба
- на живот и смрт.
Се додека во таа борба се слушаат
и едниот и другиот јазик
- борбата е рамноправна.


Кога ќе почне подобро и погласно да се слуша еден од нив,
- тој ќе преовладее.
Најпосле се слуша ,само еден.
Борбата е завршена.
Исчезна еден јазик,исчезна еден
народ.

Знај чедо мое, дека таа борба меѓу јазиците
не трае ден-два,како борба меѓу
војски
ниту, година-две како
војска(војна-з.м) меѓу народите,
туку век или два.
Тоа е за јазикот исто толку,мала
мерка за времето
како за човекот миг или два.

Затоа е чедо мое,
подобро да ги изгубиш сите борби
и војни
отколку да се изгуби јазикот.
После изгубен јазик,нема народ.




Јазикот чедо мое е потврд од
најтврдиот бедем
Кога непријателот ќе ги сруши
сите бедеми и тврдини
-ти не очајувај,
туку гледај и слушај,што е со
јазикот.








Ако јазикот останал
недопрен,тогаш не плаши се.
Таму каде оѕвонува нашиот збор,
каде уште се доловува и
каде како стар златник се врти
нашиот збор,
знај чедо мое дека тоа уште е
наша држава,
без оглед кој во неа владее.




Народот е чедо мое,траен
и од најтрајното и од секоја
држава.
Кога тогаш народот ќе се спои
како вода,
штом пукнат браните кои го
раздвојуваат.




А јазикот чедо мое,јазикот е таа
вода,
секогаш иста од двете страни на
браната.
која како тиха и моќна сила која
брегови рони,
пак ќе го спои народот во една
татковина,
во една држава.


Т.н. Славјански аманет од
непознат автор од 12 век.

Извор